Проектот Борба против лажни вести и наративи (F2N2)*, е независен проект на Граѓанската асоцијација МОСТ, започнат во ноември 2018 година, со цел систематски да се бори против дезинформациите на медиумскиот простор на интернет, со користење на разни дигитални алатки, кодови и отворен софтвер. 

 

Што работиме? 

Нашиот тим се стреми кон обновување на довербата кај граѓаните во демократијата и демократските вредности преку разобличување на дезинформациите. Ние спроведуваме набљудување, истражуваме, и на јавноста и обезбедуваме експертски препораки и анализи. Исто така, собираме и анализираме податоци за каналите на ширење на дезинформациите.   

Нашиот примарен фокус е сеопфатно и систематско набљудување на развојот на дезинформативните наративи (домашни и странски), кои се појавуваат за време на главните настани поврзани со евроатлантските интеграции на Северна Македонија. Исто така, предмет на наш интерес се и тековните дезинформативни наративи поврзани со останати релевантни настани. 

Преку кохезивно општество кое ги споделува вредностите на демократијатаи кредибилни информации базирани на факти, ние се стремиме кон слободна, безбедна и просперитетна Северна Македонија, целосно интегрирана во ЕУ и НАТО.