ФАУЧИ ПРЕДУПРЕДУВА НА РАСТ НА НОВИ СЛУЧАИ ОД КОВИД-19 ПО ДЕНОТ НА БЛАГОДАРНОСТА

Tags: thanksgivingUSAVaccine
By ноември 30, 2020 Retrieved

САД може да забележат раст на нови случаи заразени со коронавирусот, додека луѓето се враќаат дома од празнувањето на Денот на благодарноста, предупредува врвниот американски експерт за болести.

Говорејќи во неделата 29.11.2020, д-р Ентони Фаучи смета дека „не е доцна“ оние кои допрва треба да патуваат,  да придонесат во спречување на вирусот, со носење маски и социјално дистанцирање.

Денот на благодарноста обично ја најавува најпрометната недела за патувања во САД.

САД регистрираа повеќе од 13 милиони случаи со коронавирусот, а над 266 000 луѓе се починати.

Од неделата, бројот на случаи со „Ковид-19“ евидентирани во ноември, надмина четири милиони, што е двојно повеќе од евиденцијата во октомври.

Фаучи  смета дека вакцината е „светло на крајот од тунелот“.

 

Извор: BBC

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap