КОРОНА

Ширењето на новиот коронавирус низ светот предизвика голем број на гласини и измами на интернет, лажни лекови и предизвика паника во оваа несигурна ситуација. Според Светската здравствена организација (СЗО), најчести симптоми се респираторни симптоми, треска, кашлица, недостаток на здив и тешкотии во дишењето. Кај потешките случаи инфекцијата може да предизвика пневмонија, тежок акутен респираторен синдром, откажување на бубрезите, па дури и смрт. Вирусот се појави во ВуханХубаи, Кина, во декември 2019 година и на 11 март 2020 беше прогласен за пандемија од страна на СЗО. Имајќи предвид дека со зголемувањето на бројот на смртни случаи и потврдени инфицирани лица во целиот свет се зголемува и стравот и несигурноста кај јавноста, тимот на F2N2 неуморно работи да ја информира јавноста за најновите информации во согласност со развојот на настаните. Ние исто така ги охрабруваме граѓаните да бидат внимателни и да ги проверуваат сите информации кои кружат на социјалните медиуми, како и нивните извориОва може да се направи со проверка на тоа пред колку време бил креиран соодветниот профил, со проверка на информациите од институциите, или со истражување преку клучни зборови за да се дојде до друг извор на информацијата.

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Copy link
Powered by Social Snap