ЃАВОЛОТ ВО СЛУЖБА НА ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ

Про – Кремљ порталите за дезинформации го „ангажираа“ Ѓаволот да ги шири нивните пропаганди. Низ нивните статии, сѐ по присутен е „Бројот на Ѕверот: 666“, како и разни други симболи поврзани со зли сили.

Седиштетот на веб страната Форт Рус е во САД, но истата е основана како тинк-тенк организација во Србија и има за цел да спроведува силна про-Кремљ кампања. Веб-страницата е поврзана со Фондацијата за стратешка култура, која пак, се јавува и како „партнерска организација“. На 13 мај, Форт Рус Њуз објави напис со насловот „Зошто Мелинда Гејтс го носи крстот – сатански наопаку“, во кој се објаснуваше накитот што го носи г-ѓа Мелинда Гејтс во интервју неколку дена претходно: „ Зошто Мелиндан Гејтс го носи крстот – сатански наопаку, во текот на минатиот викенд за време на интервјуата со МСМ? Дури и знаејќи што веќе знаеме за вистинскиот систем на верување на луѓето што го водат САД, тие обожаваат да ja почитуваат Сатаната низ разни видови (без разлика дали преку Молох, итн.), Сепак, ваквите видови на провокации никогаш не престануваат да зачудуваат, а сепак, поткренуваат многу сериозни прашања.“

“Gates of Hell”

Авторот користи дополнителни 1700 зборови за да ја “образложи“ наводната “поврзаност“ на г-ѓа Гејтс со Ѓаволот, и секако дека статијата е хит. Сопственикот на Форт Рус тврди дека повеќе од 15.000 луѓе ја посетиле страницата, како и дека статијата е објавена во неколку наврати.

 

Хаштагот како #Satanism, #Satanic, #666, се појавува често на Форт Рус, што е чудно за прилично секуларна веб-страница со многу малку текстови со духовна и / или религиозна содржина. Зборовите како „сатански“ се користат повеќе како средство за изразување на омраза, отколку како опис на идеологија. Форт Рус е предводник во кампањата против Бил Гејтс, и таа насока може да се согледа нивниот интерес кон теориите за заговор со Сатаната. Написите за Бил и Мелинда Гејтс се брендирани со хаштагот #GatesofHell.

Целата статија може да ја прочитате тука.

 

Извор: EUvsDisinfo

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap