„БЛУМБЕРГ“: КИНА ЈА КРИЕ ВИСТИНСКАТА БРОЈКА НА ЗАБОЛЕНИ СО КОРОНАВИРУС

Информативната меѓународна агенција „Блумберг“ објави анализа во која што повикувајќи се на документи и изјави од извори на тајните американски служби, вели дека Кина го крие вистинскиот број на заболени лица од коронавирусот. Овие извори не откриваат многу бидејќи се работи за класифицирани информации, за кои што според американските закони не смее да се зборува јавно. Главната поента која што ја споделиле со новинарите на „Блумберг“ е дека Кина објавува лажни податоци за бројот на заболени и за бројот на мртви како последица на вирусот кој што патем почна да се шири од Кина низ светот.

Во анализата на Блумберг се цитираат неколку американски функционери кои што исто така го делат мислењето дека бројките за вирусот во Кина не се реални и дека се далеку повисоки, но дека комунистичката партија на Кина која што е на власт, успева со умешност да ги прикрие реалните бројки, цензурирајќи и протерувајќи странски медиуми, и манипулирајќи со статистиките кои што излегуваат во јавноста.

Американците не веруваат дека местото од каде што почна вирусот има помалку случаи од Америка, Шпанија или Италија, кои што во моментот се највисоко на листата на земји според бројот на заболени и мртви.

Иако Кина е земјата на „потекло“ на вирусот, сепак во споредба со Америка има далеку помали бројки на заболени, иако по бројот на жители е многу поголема. Америка брои 327.2 милиони жители, а пак Кина 1 милијарда и 386 милиони жители, а бројката на заболени во Кина е 81 589, а пак во Америка 215 357. Смртни случаи во Кина има 3 318 а пак во Америка има 5 113.

Бројките се превземени од https://www.worldometers.info/

Во текстот на „Блумберг“ истотака наведува дека кинеските здравствени власти имаат голем број на излекувани или немаат нови случаи бидејќи не ги запишуваат случаите кои што немаат симптоми, иако вирусот не секогаш дава симптоми.

Но оваа приказна има уште една страна. Според анализата и истражувањето на  „Блумберг“  низ градовите каде што имаше најголеми бројки на заболени уште од почетокот на епидемијата има илјадници урни каде што е ставена пепелта на починатите лица. (Според кинеската традиција, поголемиот дел од починатите лица се кремираат и нивната урна се фрла на одредено место). Агенцијата на овој линк навела и фотографии од блиски лица на починатите кои што ги чекаат урните на нивните најблиски.

Независно од сите овие факти кои што укажуваат на тоа дека Кина сеуште има долга борба со вирусот, порталот Лидер објави текст во кој што Кина се претставува како да ја завршила борбата со вирусот со 92% излекувани, иако како што „Блумберг“ анализира во низа текстови, не се прикажуваат реалните бројки.

Според горенаведените факти објавени од “Блумберг”, информативна агенција која што има претставништо и во Кина, оваа земја е во далеку по сериозна состојба од тоа што се обидува да му го прикаже на светот.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap