БОРБА ПРОТИВ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ: ПОЛИТИЧАРИТЕ МНОГУ СЕ ПОТПИРААТ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ

Tags:
By ноември 5, 2019 март 25th, 2020 Other, Retrieved

Кога станува збор за борбата против лажните вести и говорот на омраза, политичарите од Брисел до Вашингтон се потпираат на стил на носење одлуки што би го комбинарал најдоброто од двата света.

Додека светот се подготвува за нова рунда избори во САД и во Европа, законодавците сакаат компаниите како Фејсбук и Гугл да преземат поголема одговорност за контрола на содржината што се објавува на нивните социјални мрежи, истовремено предупредувајќи дека овие технолошки гиганти добиваат преголема моќ врз секој аспект од интернет животите на граѓаните.

Реалност е дека не може и тоа и тоа.

Креаторите на политики секако може да ја предадат контролата на високата технологија, префрлајќи ја одговорноста за одлучување, за тоа што може, а што не може да се споделува на интернет, на компаниите кои имаат финансиски и технички ресурси да ја завршат работата. Но, таквите напори (и веќе ги гледаме на дело со забраната која технолошките компании ја ставија на Алекс Џоунс, американска медиумска личност и екстремен десничар, и претстојната годишнина на правилата за говор на омраза на Германија) веројатно ќе ги устоличат овие компании како дигитални чувари, во време кога дури и политичарите кои се нивни најголеми поддржувачи, почнуваат да се прашуваат – дали Силиконската долина има преголема моќ.

Овие високотехнолошки компании мора да сносат одговорност за фотографиите, објавите и – сè почесто – дезинформациите и екстремистичкиот говор што почнаа да ги дефинираат социјалните медиуми.

Се се сведува на непријатниот избор за тоа кој сакаме да одлучува за тоа  што е слобода на говор, дезинформација и говор на омраза: Демократски избраните функционери, многумина од кои не се снаоѓаат во технолошката комплексност на овие прашања, или приватните компании кои имаат одговорност кон своите акционери, а не кон гласачите.

Да не се сфати погрешно: Big Tech мора да сносат одговорност за фотографиите, објавите и – сè почесто – дезинформациите и екстремистичкиот говор кои почнаа да ги дефинираат социјалните медиуми во 2018. Помина времето кога Фејсбук можеше да се нарече неутрална платформа, а Твитер можеше да се крие зад Првиот амандман. Овие компании не сакаат да признаат, но тие се преобразија од само дигитални платформи, во медиумски барони на 21-иот век. А со таква моќ, неизбежно, доаѓа и голема одговорност, особено кога двајца од секои пет Европејци посетуваат некоја форма на социјален медиуми секој ден, според статистиката на ЕУ. (Бројката е дури поголема во САД, според истражувачкиот центар Пју).

Досега, сепак, владите се повеќе од желни да ги остават компаниите да одлучуваат за начинот на кој ќе се одговори на дезинформациите на интернет и на екстремистичките објави.

Доброволниот кодекс на Европската комисија – серија мерки насочени кон сузбивање на најлошите интернет форми на говор на омраза и поттикнување на медиумска писменост – е само тоа, доброволен.

И покрај заканите на Вера Јурова, еврокомесарот за правда, дека ќе се донесат построги закони доколку Фејсбук и другите не ги засукаат ракавите, веројатноста е мала дека Брисел ќе ги спроведе таквите закани, според неколкумина на кои им е познат начинот на кој размислува Комисијата. И понатаму постои поделено мислење за улогата која владите треба да ја имаат во одлучувањето што претставува говор на омраза и дезинформации во Твитер ерата.

Други велат дека, бидејќи Big Tech прават толку пари, тие, не регулаторите, треба да плаќаат за легиите на модератори на содржини кои ќе бидат потребни за да се одржи чекор со трговците на лажни вести и ботовите на социјалните медиуми.

И САД не се подобри.

Иако Фејсбук отстрани голем број „лажни профили“ кои се обидуваа да ги разбрануваат постоечките општествени и културни поделби, политичарите не можат да издејствуваат нови правила за зголемување на транспарентноста на политичкото рекламирање, а уште помалку да одлучат како да го запрат говорот на омраза на начин кој ќе биде во согласност со Првиот амандман.

Резултатот?

Владите премногу се потпираат на технолошките компании дури за најосновните информации, особено за тоа кој купува политички реклами воочи ноемвриските избори на половина мандат во САД. Тоа е како фармерот да побара од мисирките да го организираат Божиќ. Правејќи ги технолошките компании прва станица во борбата против дезинформациите и екстремистичкиот говор, политичарите си прават сериозна замка.

Да, ниту еден регулатор никаде во светот ја нема технолошката експертиза ниту длабоките џебови на Силиконската долина, која верува дека вештачката интелигенција и машините може да го решат проблемот на пишување и ширење (од страна на луѓе или машини) на штетни или невистините објави на интернет.

Но, со тоа што им ја даваат довербата на Big Tech – многу од истите компании кои всушност и ги создадоа овие платформи – политичарите прават две клучни грешки.

Прво, тие им даваат моќ на технолошките компании како псевдо- регулатори со речиси никаков надзор од страна на владините агенции, нешто што веќе се случи со Гугл според строгите правила за приватност на Европа. Доколку група луѓе јавно зборуваат за тоа дека не им се допаѓа што Фејсбук, на пример, собира интернет податоци, како ли ќе се чувствуваат кога оваа гигантска социјална мрежа ќе почне рутински да носи квази-судски одлуки?

Нема лесни одговори во битката помеѓу заштитата на слободата на говорот и контролата на штетната содржина на интернет. А во свет во кој многумина сега се сомневаат во доминацијата на мал број најголеми имиња од американскиот западен брег, политичарите ја зајакнуваат таквата надмоќ, давајќи им на овие компании централна улога во начинот на кој владите одговараат на дигиталните дезинформации и говорот на омраза.

Секако, би било неразумно да се очекува дека политичарите сами ќе го решат проблемот со дезинформациите и говорот на омраза. Гугл, Фејсбук, Твитер и сличните на нив (неволно) направија промени да ги искоренат најлошите форми на интернет содржина, особено кога станува збор за наводно мешање во избори и интернет тролање. Но, владите мора да повлечат подебела линија помеѓу нив и технолошките компании чии медиумски платформи им дале речиси невидено влијание врз секојдневните интернет животи на луѓето.

Нема лесен одговор во битката помеѓу заштитата на слободата на говорот и контролата на штетната содржина на интернет. Сепак, таквите тешки одлуки треба да ги носат (во добро и во лошо) избраните владини претставници, не технолошките могули. Во спротивно, говорот на омраза и дезинформациите нема да бидат единствените кои ќе ги поткопаат демократските институции на земјата.

 

Превземено од: NovaTv.

Датум: 10.06.2019

 

 

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap