ЕДЕН ЛАЈК, ЕДНА МАНИПУЛАЦИЈА, КОЛКУ НЕ МАМАТ НА ИНТЕРНЕТ?!

Tags: ManipulationNATO
By декември 18, 2019 март 25th, 2020 FN ANALYSIS

“Stratcom” центарот на НАТО  алијансата во Рига направи едно истражување за манипулацијата со лајкови, коментари и споделувања кое што може да се купи за многу евтини пари. Купувале лајкови, коментари и други реакции на постови на социјалните мрежи, за да докажат колку е лесно да се манипулираат читателите на социјалните мрежи.

Центарот “Stratcom”  направил експеримент купувајќи: 3.530 коментари, 25.750 лајкови, 20.000 прегледи, и 5.100 следбеници на различни социјални мрежи – за само 300 евра! Од само оваа информација може да се види колку е лесно да се влијае на јавното мислење преку социјалните мрежи бидејќи обичните луѓе не знаат кој стои позади тастатурата, и дека сите овие реакции на содржините кои што се објавени се вештачки. Авторите на студијата анализирајќи ги профилите кои што се користеле за овие манипулации, дошле до сознанија дека за оваа цел се користат 18.739 лажни профили.

 

Главните „манипулатори“ се руските провајдери

Авторите истражувале колку социјалните мрежи како YouTube, Facebook, Twitter  и  Instagram биле во можност да ги идентификуваат и да ги отстранат манипулациите. „StratCom” купил реакции на 105 постови на четирите платформи за да го видат начинот и нивото на манипулација, користејќи 11 руски и 5 европски даватели на услуги за манипулација со социјалните медиуми. Давателите на услуги се со потекло од различни земји, еден од Полска, двајца од Германија и еден од Италија. „StratCom“открил дека црниот пазар е многу лесен за пристап, а големината на индустријата за манипулација со социјалните мрежи била „вознемирувачка“.

„Идентификувавме стотици провајдери“, а доминираат руските играчи. „Практично, сите главни софтверски оператори и инфраструктура за манипулација кои сме ги идентификувале се со руско потекло“, се вели во студијата.

Исто така, се воочува фактот дека механизмите за автоматско отстранување на лажни профили не се  воопшто функционални. Четири недели по купувањето на лажните реакции, 4 од 5 купени неавтентични ангажмани беа сè уште на интернет. Ова не им оди во корист на социјалните мрежи кои што се саморегулираат, и се заложуваат за бришење на таквите профили и пријавувањето на ваквите случаи.

„Ние дополнително ја тестиравме можноста на платформите да одговорат на повратните информации од корисниците со пријавување примерок од лажни профили. Три недели по пријавувањето повеќе од 95 проценти од пријавените профили се уште се активни на Интернет“, стои во истражувањето.

 

Саморегулацијата на медиумите не помага!

Заклучокот на авторите на истражувањето е дека саморегулацијата не функционира. Потребна е законска рамка со која што ќе се спречи манипулацијата на интернет.

Потпретседателката на Европската Комисија Вера Јурова скоро даде изјава за весникот “Playbook” во која се вели дека саморегулацијата не е доволна за да се намали ефектот од лажните вести. Предложи сите платформи да бидат отворени, и сите истражувачи и влади да можат да ги погледнат нивните алгоритми и да може да се споредат со нивните извештаи за работата.  Ова е само најава за законски решенија, но не се дадоа конкретни детаљи како ќе се изведе.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap