МИГРАНТИТЕ КАКО АЛАТКА ЗА ДЕЗИНФОРМАЦИИ

За жал, мигрантите како дезинфoрмативен наратив се употребуваат често. Само за потсетување, манипулациите за мигрантите поттикна собирање на потписи против изградба на мигрантски кампови во Аеродром и Гази Баба во Скопје, потоа во Кавадарци и Штип низ Северна Македонија, а на социјалната мрежа  Фејсбук беше оформена и група Стоп за мигранстките кампови во МакедонијаДезинформациите за мигрантите се ширеа преку истата мрежа на медиуми, која го шири и ова манипулативно видео.

На 12.03.2020 порталот Инфомакс објави текст со наслов  „ФATEН ЖИB: Заев зел 10 милијарди евра за милион мигpaнти во Македонија, тврди српски пратеник“.

Во текстот порталот се повикува на изјавата на српскиот поранешен пратеник Срѓан Ного, кој во телевизиско гостување на 10.03.2020 во емисијата “Хоризонт”,  тврди дека експремиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев зел 10 милијади евра за Северна Македонија да прими еден милион мигранти.

Објавата на порталот, следи по објавувањето на видеото на  твитер профилот на Владимир Панчевски на 12.03.2020 во 10:03ч. Самата изјава на поранешниот пратеникот Ного, за телевизијата-канал “Српска прича” е пренесена на 10.03.2020.

Текстот  во скоро истиот формат се најде и на порталите: Република, Expres.mk, Јавно.мк , Лидер.мк.

Објавениот текст е манипулативен и не е поткрепен со факти, согласно професионалните новинарски стандарди.

Српскиот пратеник Срѓан Ного, кој на политичката сцена во Србија дојде од партијата Двери, во својата изјава за  ТВ-канал “Српска прича” изјавува:

Политичарите на Балканот, од Зоран Заев во Македонија, преку Еди Рама во Албанија, преку Хашим Тачи на Косово, Мило Ѓукановиќ во Црна Гора, преку Бакир Изетбеговиќ во БиХ, преку Александар Вучиќ во Србија и Пленковиќ во Хрватска, се договориле со Сорос, да се насели, и сега сите, и Србите да го прашаат Вучиќ, а и граѓаните на овие спомнати држави и територија, бидејќи Косово не е држава, да ги прашаат своите лидери. Значи договориле прием на 5 до 8 милиони мигранти на оваа територија, бивша Југославија, без Словенија и плус Албанија и за тоа добиле меѓу 100 и 160 милијарди евра. 20.000 ќе се плаќа по мигрант. И најголемиот дел го земаат за себе. Ако се сеќавате, сите спомнуваат некакви инвестиции, Вучиќ има некој Национален инвестиционен план” во наредниот период,  ако победи на изборите…Заев штом дојде на власт рече дека во Македонија ќе влезат 10 милијарди инвестиции, и во малата Македонија, која е помала од Белград, 1.800.000 жители, кој ќе даде 10 милијарди, зошто?  Заборави да каже дека ќе дојдат уште милион луѓе да живеат тука заради тие 10 милијарди. Тоа не им го кажа на Македонците. Значи тие практично ги продадоа и народот и своите држави.“

Српскиот пратеник Ного беше од редовите на партијата Двери. Оваа партијата на политичката сцена во Србија се појави на изборите во 2012, иако претходно е формирана како движење на денот на Свети Сава во 1999 година. Како политичко движење  важат за блиски до крајната десница. Тврдат дека се залагаат за  христијански систем на вредности, кој го нарекуваат светосавски национализам. Препознатлив е и нивниот евроскептицизам, анти-глобализам, блискоста со Српската православна црква, но и конзервативизмот во поглед на општествени текови. Во прв план ги ставаат семејните вредности и повеќе пати жестоко се изјаснуваат против правата на ЛГБТ заедницата.  Партијата се залага за Србија надвор од ЕУ, а во сојуз со Русија, како што стои во нивната програма.

Поранешниот пратеникот од  Двери, Ного често го користи караkтеристичниот наратив, препознатлив за дезинфромациите против НАТО И ЕУ, а за кој тимот на F2N2 веќе истражуваше претходно. Во неговите изјави тој  ги користи и мигрантите и Сорос, како и во овој случај. Интересно е да се напомене дека ова не е прва негова ваква изјава.  Наративот против мигрантите беше  дел и од неговата скандалозна изјава, заради која во 2019 е исклучен од Двери.

Непроверените податоци може да ја доведат јавноста во заблуда. Објавената вест е крајно шпекулативна изјава со политичка тенденција, која не е поткрепена со факти.

Изјавата на Ного потсетува на скандалозната изјава на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков за време на расправата за Законот за јавно обвинителство, кога тој изјави:

„Укажувавме за идејата да се обезличи македонскиот народ и македонската држава. Сè што говоревме излезе вистина. Сакам да споделам една информација, да ви кажам ексклузивно дека СДСМ сака да донесе еден милион Африканци во Македонија. Ова како проект го имаат и Македонија тогаш ќе се вика Македонија Етиопија. Тоа е договорено до 2030 година да се направи. Се смеевме и тогаш, но сè што зборувавме излезе вистина за жал. Сакам да ја предупредам македонската јавност и за ова да остане трага“.

Официјалните ставови  ги пресретнуваат овие манипулативни наративи.

Знаете кој е ставот и политиката на Владата во однос на мигрантите, ние сме транзитна земја, имаме два транзитни центра, Винојуг и Табановце, и ако дојде до какво било отворање на рутата односно зголемување на бегалци низ Република Северна Македонија може само да транзитираат или да се донесе времен престој до 72 часа“- изјави за новинарите премиерот Спасовски.

И ставот на претседателот Пендаровски е сличен: „Состојбата на јужната граница е стабилна, ќе реагираме превентивно и според сите можни сценарија, нема никакво зголемување на бројот на мигранти, освен она што е вообичаено за овој перид од годината, ниту пак ниту пак има назнаки за некаков бран кој деновиве ќе оди кон нашата територија“.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap