АВСТРИЈА ПОВТОРНО ВОВЕДУВА НОСЕЊЕ МАСКИ ВO СУПЕРМАРКЕТИ, БАНКИ И ПОШТИ

Tags: AustriaCOVID-19
By јули 22, 2020 Retrieved

Австрија повторно ги воведува мерките за носење маска за лице во супермаркетите, банките и поштата, изјавил канцеларот Себастијан Курц на прес-конференција. Пред објавувањето на оваа мерка, маските биле потребни во австрискиот јавен превоз, при посета на лекар, како и за одредени даватели на лични услуги, како на пример, фризери.

 

Канцеларот Курц истакнал дека носењето маски е задолжително, а не препорака. Според него маските имаат и симболичен ефект, затоа што колку помалку се присутни во секојдневниот живот, толку луѓето стануваат поневнимателни.

 

Покрај оваа мерка, ќе бидат воведени ограничувања за верските служби во Австрија, а црквите ќе бидат затворени во случај на позитивен случај од КОВИД-19.

 

Курц исто така изјавил дека барањата за тестирање ќе бидат построги, а карантинот внимателно ќе се следи за луѓето кои пристигнуваат од земји  со висок ризик. Тој посебно го истакнал Балканот, укажувајќи на зголемувањето на заразени од овој регион. Од патниците ќе се бара да приложат негативен тест за КОВИД-19.

Австрија пријавила скоро 20,000 случаи на коронавирус, како и  710 починати.

 

Извор: DW.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap