БАНКНОТАТА НА АНГЛИЈА ИМА ИСТОРИСКО ЗНАЧЕЊЕ, НЕМА ВРСКА СО КОРОНАВИРУСОТ

Дезинформација бр:

#109

Дата:

11.04.2020

Извор:

N/A

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: Видете што има на новата банкнота од 20 фунти. Видеото е направено од Иван.

Нa социјалните мрежи се појави едно видео на кое што неколку луѓе убедуваат дека на банкнота од 20 англиски фунти се наоѓа кулата 5G и радиоактивни зраци кои што ги пушта кулата, а кои што според нив, се во форма на вирусот Корона, укажувајќи на изгледот на англиската круна каде е всушност сигурносниот сертификат на овие банкноти. Ова според нив е доказ односно симболика дека коронавирусот е последица на поставување на 5G мрежата од која што луѓето се разболуваат.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оваа вест е лажна и од повеќе причини е на рамниште на теорија на заговор, но главен е фактот за кој што веќе подолго време пишуваме, а за кои одговараше и Светската Здравствена Организација, но и Европската Унија кои што посочија дека зраците од 5G мрежата се 50 пати помалку штетни од нивото на дозволено зрачење.

Што се однесува до банкнотата, Банката на Англија даде јасни објаснувања за банкнотата која што е пуштена на 20-ти февруари, а која што има само историско и културно значење за Обединетото Кралство, а не за 5G мрежата.

Во описот се вели дека „кулата“ за која што на социјалните мрежи се тврди дека е кула на 5G мрежа, a круната е симбол на вирусот Корона од страна, всушност е „светилникот во Маргат”, англискиот град каде што британскиот уметник J.M.W. Таrnеr насликал многу свои класици, и дека тоа што свети е всушност 3D форма на круната и на скалите во „Tate Britain“ , музеј на уметноста во Англија.

Извор: Банка на Англија

Истотака, банкнотите се „светкави“ поради полимерните слоеви кои што се посигурни и оневозможуваат фалсификат а не се „рефлекција на зраците од 5G“, како што се тврди во спинувачкото видео.

Разбличувањето на оваа „информација“ го направи и агенцијата „Reuters“ кои што во нивниот текст на јасен начин ги побиваат двете тврдења и за 5г мрежата и за коронавирусот. Повеќе информации може да прочитате и на „Sun”, и „fullfact.org“.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap