БРИТАНИЈА ГО АНАЛИЗИРА ПРАВИЛОТО ЗА СОЦИЈАЛНА ДИСТАНЦА КАКО СЛЕДЕН ЧЕКОР ВО МЕРКИТЕ

ЛОНДОН (Ројтерс) – Велика Британија ja разгледува одлуката за социјално растојание од два метри, пред следната фаза на олеснување на мерките, планирана за 4 јули, кога баровите, рестораните и фризерниците би можеле повторно да бидат отворени во Англија, изјавил во неделата 14.06.2020 премиерот Борис  Џонсон.

Напредокот во справувањето со пандемијата од коронавирус овозможи „простор за маневрирање“ на правилото, за кое многу работодавци велат дека ќе го отежне враќањето во редновната брзината, изјавил Џонсон во источен Лондон во трговски центар, кој се подготвува повторно да се отвори следната недела.

 

Велика Британија го објави третиот најголем број смртни случаи од коронавирус по САД и Бразил, што пак критичарите на владата, велат дека е одраз на нејзиниот одговор на кризата.

 

Владата на Конзервативната партија на Џонсон, која вели дека следела научни совети за справуавње со пандемијата, се соочува со проблеми во воспоставувањето баланс за заживување на економијата, без притоа да дозволи втор бран на случаи.

 

„Ќе соработуваме со научниците во секое време и ќе донесеме правилна одлука врз основа на безбедноста, здравјето и запирањето на ширење на вирусот“, ијавал Џонсон.

 

Извор: Reuters

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap