БРОЈКАТА НА ЗАРАЗЕНИ ВО РУСИЈА ДОСТИГНА РЕКОРД ВО ЕДЕН ДЕН, СТАПКАТА НА СМРТНОСТ ЗАБАВЕНА

МОСКВА (Ројтерс)  Русија регистрираше 10.633 нови коронавирусни заболени во изминатите 24 часа. Оваа бројка е најголем дневен пораст од почетокот на избувнувањето на епидемијата со коронавирусот во оваа земја.

Со новорегистрираните, вкупниот број на случаи на инфицирани со коронавирус во Русија, достигна до  134.686 лица.

И покрај растот на заразени, стапката на смртност на Русија останува ниска во однос на другите земји, како САД, Италија и Шпанија. Во неделата на 03.05.2020, бројката на починати се зголеми за нови 58 смртни случаи поврзани со коронавирус, со што вкупниот број на  починати во Русија достигна 1.280.

 

Претходно премиерот на Русија, Михаил Мишустин потврди дека му бил дијагностициран „Ковид-19“, а веќе во петокот на 01.05.2020 рускиот министер Владимир Јакушев, стана втор висок министер за кој е потврдено дека има Ковид-19.

Претседателот Владимир Путин наредил мерките за целосно затворање на национално ниво, да останат во сила до 11-ти мај.

 

Извор: Reuters.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap