ЦЕНАТА НА НАФТАТА ЗАБЕЛЕЖА РАСТ

Њујорк (Ројтерс) – Американската сурова нафта порасна за 7% во петокот 15.05.2020 и достигна највисоко ниво на раст од март, по информациите дека во светот се олеснети патните ограничувања, кои се наметнаа поради спречувањето на ширењето на коронавирусот.

 

Суровата нафта „Брент“ порасна за 1,37 долари или 4,4% за барел на 32,50 долари.

 

Организацијата на земјите извознички на нафта и другите големи производители го  намалија снабдувањето  како резлутат на глобалната состојба, но сега има знаци за подобрување на побарувачката. Податоците покажуваат дека дневната употреба на сурова нафта во Кина се врати во април кога рафинерите ги  реактивираа операциите.

 

Сепак, пазарот останува претпазлив поради пандемијата на коронавирус, особено што  во некои земји се појавуваат нови кластери на инфекција, по олабавување на мерките кои се активираа поради пандемијата.

 

Извор: Reuters.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap