ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО НОСИ БЕЗБЕДНОСНИ ГАРАНЦИИ ВО ПРВ ПЛАН

Дезинформација бр:

#40

Дата:

08.05.2019

Извор:

youtube.com

Време на читање:

4 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Опис на лажна изјава: ИСФОРСИРАНОТО ПРОЗАПАДНО ЧЛЕНСТВОТО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО НЕМА ДА ПРИДОНЕСЕ ВО БЕЗБЕДНОСТА И СТАБИЛНОСТА НА БАЛКАНОТ

Оригинален наслов на статијата: МАСЛОВ: ЧЛЕНСТВОТО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО НЕМА ДА ПРИДОНЕСЕ ВО БЕЗБЕДНОСТА И СТАБИЛНОСТА НА БАЛКАНОТ 

„Решавањето на старото прашање со името го отвори патот за исфорсираната интеграција на Северна Македонија во НАТО. Овој тек нема да придонесе за безбедноста и стабилноста на Балканот. “Ова е текстот кој го пренесоа македонските медиуми, повикувајќи се на интервјуто на рускиот амбасадор Андреј Маслов за грчката телевизија ЕРТ.

Ова претставува само продолжение на сценариото од 2018  и руските тези: „Западот на сила сака да ја внесе Македонија во НАТО“ и „ Влезот на Северна Македонија во НАТО, ќе го дестабилизира Балканот“

линк до интервјуто: ЕРТ

објави во македонски медиуми: МИАОПСЕРВЕР24инфоПлусинфоДенешенЖурналМКДА1онОхрид СкајЛибертасИнфомаксПрес 24

грчки медиуми: катимеринипрототема

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Патот на Северна Македонија кон НАТО останува и понатаму отворена пречка на која постојано се сопнува Русија. Кремљ на секој можен начин настојува да  ја покаже својата загриженост за Балканот, фокусирајќи го своето внимание врз нашата земја.

Во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, на 08.05.2019, рускиот амбасадор во Грција, Андреј Маслов нагласува дека: „ Исфорсираната интеграција на  Северна Македонија во НАТО, нема да придонесе во безбедноста и  стабилизацијата на ситуацијата на Балканот.“ Ова е спин.

Руската пропаганда  за патот на Северна Македонија кон НАТО и ефектот од членството врз Балканот во овој случај, не е креирана од медиумите туку од  интервјуто на рускиот амбасадор во Грција во кое се пласира тенденциозен спин со кој се акцентира мирот на Балканот и  дека Македонија нема да го донесе со членството во НАТО и покрај форсирањето на Западот.

Факт е дека членството на земјава во НАТО е стратешка определба на сите влади до денес. Република Северна Македонија ќе биде 30 земја членка на НАТО. Членството во НАТО носи безбедносни гаранции во прв план, но и можности за економски развој и спречување на корупцијата која може да го поткопа граѓанското општество.

Влезот на Република Северна Македонија во НАТО може да го повлече целиот регион кон таа цел, што ќе овозможи Балканот да стане силен и обединет како значен дел од ЕУ. Протоколот за членство на земјава во НАТО беше потпишан од земјите членки на алијансата на 06.02.2019.

Еден од битните принципи кои секоја земја треба да ги исполни за членство во НАТО се почитување на територијалниот суверенитет на другите земји. Во минатото, НАТО алијансата одиграла важна улога во решавањето на проблемите помеѓу државите и спречување ескалација на ситуацијата, како што се: УнгарскоРоманскиот спор, УнгарскоСловачкиот спор , Унгарско-Украинскиот спор, Грчко-Турските спорови за набавка и инсталирање на рускиот С-300  ракетен систем и владеењето со островите Имиа/Кардак и др.

Од друга страна, во минатото, Варшавскиот пакт изврши инвазија и ја окупираше поранешна Чехословачка, а во раните 90ти Русија ги нападна ЛитванијаЛатвијаЧеченија, не ја призна независноста на Косово и се закани со вето на планот за независност на Косово во Советот за Безбедност на Обединетите Нации, Црвената армија ја нападна Грузија и ги анектираше Абхказија и Јужна Осетија, а беше анектиран на Крим во Украина.

За крај, членството во НАТО е фактор за стабилизација во регионот како што може да се види од сите горенаведени примери.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap