ДАЛИ НАУЧНИЦИТЕ ПОТВРДИЈА ДОЛГОВЕЧНОСТ И “БЕСМРТНОСТ” ЗА ПУТИН?!

Дезинформација бр:

#131

Дата:

14.05.2020

Извор:

tocka.com.mk

Време на читање:

4 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: ‘Крвавиот еликсир’ бил најскап и најбаран на свет, а го користи и Владимир Путин – научниците ја потврдија неговата ефикасност

На 14.05.2020 година порталот tocka.com.mk објави текст со наслов ‘Крвавиот еликсир’ бил најскап и најбаран на свет, а го користи и Владимир Путин – научниците ја потврдија неговата ефикасност

На 14-ти и 15-ти Мај на македонските веб портали “актуелна” беше веста за крвавиот еликсир кој бил најскап и најбаран во светот, но привилегијата да го користи тој еликсир ја имал претседателот на Русијa Владимир Путин,. Имено се пишува , за народен  лек кој ја обновува младоста, дава животна сила и ја зголемува машката моќ. Рецептот потекнува од необичен ракопис од древните Кинези, стар 2000 години , со 52 тајни рецепти за долговечност и машка сила , а главните состојки на овие чудотворни лекови биле роговите од млад елен. Ефикасноста на овие лекови била наводно потврдена од истражувања на современите руски научници. Лекот станал популарен помеѓу спортистите, политичарите космонаутите, па дури и рускиот Претседател Путин на себе го испитал дејството на лековитата купка. За ова пишувале руските медиуми.

 

Речиси идентични текстови со оваа содржина беа објавени и на следниве портали: popara.mkplus24.mkekran.mkpress24.mk.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оваа вест за “крвавиот еликсир” односно балсамот со крв од отсечени рогови од млад елен, во која се капел Путин, била актуелна во светот уште во 2017 и 2018 година, повикувајќи се на руски медиуми. Имено тие пишувале дека  не е тајна како рускиот претседател Путин ја одржува својата телесна форма, во бања со крв од елени за која се  верува дека дава животна сила и долговечност. Активистите за правата на животните ја осудиле  „варварската“ практика на извлекување крв од роговоте на еленот, за добивање на наводно природен вид супстанција за подобрување на сексуалните перформанси. Сеуште нема научни докази за лековитото дејство, но некои руски истражувачки институти сугерираат на натамошно испитување на истите.

Фармаколошките студии  за состојките на роговите од елен  на кои се потпира овој древен кинески рецепт, покажале дека имаат  имуномодулаторно, анти-канцерогено, против замор, анти-остеопорозно, анти-инфламаторно, аналгетично, анти-бактериско, анти-вирусно, анти-стресно, анти-оксидантно  дејство. Иако механизмот на дејствување сè уште не е јасен, фармаколошките активности главно може да се препишат на главните биоактивни соединенија аминокиселини, полипептиди и протеини. Но, иако неможе да предизвикаат  сериозни несакани ефекти, сепак потребни се дополнителни истражувања. Треба да се направат и  дополнителни проценки за безбедност и клинички испитувања кај луѓето пред да може да се интегрираат во медицинските практики. Овој преглед  дава само прелиминарни информации за понатамошни студии и комерцијална експлоатација на роговите од елени.

Други  истражувања покажуваат дека хормонот од роговите IGF-1 може да биде ефикасен во заздравувањето на повредите на ‘рскавицата и тетивата.

Но во ниедно научно истражување не се потрвдува ефектот на овој “чудотворен лек” за долговечност и животна сила.

Како и зошто една ваква “вест” која е стара речиси 3 години,  и се презентира  сега на македонската  читателска публика.?!

Повторно сме сведоци на превземање на вести од нашиот сосед. Иако македонските портали не наведуваат кој е  изворот  на текстот, многу веројатно е таа да стигнала кај нас преку српските портали, бидејќи текст со таков наслов и содржина беше објавен на 14 мај на српскиот портал novosti.rs., “КРВАВИ ЕЛИКСИР” био је најскупљи и најтраженији лек на свету, а сада га користи ВЛАДИМИР ПУТИН.

А добро знаеме дека овие портали и текстови се дел од наративите за промовирање на супериорноста на Русија и “челичноста“ на рускиот претседател Путин, величајќи го неговиот лик и дело.

Па така според нив и овој “крвав еликсир” е привилегија да се користи, а таа привилегија ја имал токму Путин, која ќе му овозможи долговечност, а можеби и бесмртност. Останува времето да покаже ?

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap