ДИРЕКТОРОТ НА АЕК, 5G Е ПОМАЛКУ ШТЕТНО ОД 4G

Tags: 5G5G technologyAEK
By април 25, 2020 FN ANALYSIS

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Сашо Димитријоски, во интервју за МИА тврди дека актуелната 4G мрежа има поголемо нејонизирачко зрачење од таа која што допрва ќе се поставува, 5G. Според него, и 4G мрежата не е штетна, но напредната 5G технологија и на максимална енергија има далеку помалку нејонизирачко зрачење.

„До овој момент АЕК спроведе мерење на нејонизирачко зрачење на неколку локации од 5G тест-мрежата на Македонски телеком за која е издадено привремено одобрение до 31.10.2020 за опсегот 3.6-3.7 Mhz. Мерењето е спроведено во сценарио на максимална зрачена енергија и резултатите покажуваат дека од максимално дозволеното ниво според меѓународната комисија за заштита од нејонизирачко зрачење, во овој случај кумулативното зрачење изнесува 14,9 проценти. Во овој процент зрачењето од 5G учествува со само 32 проценти за разлика од зрачењето што потекнува од 4G, кое учествува со 49 проценти„, вели Сашо Димитријоски, директор на АЕК, во интервју за Македонската Информативна Агенција.

Бидејќи спроведеното мерење е направено во најлошо можно сценарио, со најмногу израчена енергија, се очекува дека во нормални услови, откако ќе се воспостави нормална мрежа, ќе има уште помало нејонизирачко зрачење.

АЕК е надлежна за мерење на нејонизирачкото зрачење од сите предаватели, а тоа значи и од базните станици од сите постојни технологии: 2G, 3G и 4G. Ова значи дека и со воведување на 5GАЕК ќе продолжи да го контролира нивото на зрачење од оваа технологија.

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap