“ЕКСЛУЗИВНАТА ВЕСТ” НА НИКОЛОВСКИ НЕ Е ТОЧНА

Дезинформација бр:

#212

Дата:

19.12.2020

Извор:

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: Николоски: ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период активно работеше со земјите од Вишеград 4 за да спречат условот историја да влезе во заклучоците на ЕУ

Политички ентитети од ВМРО-ДПМНЕ ја користат ситуацијата на  евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, да ја манипулираат јавноста во насока која одговара на партијата. Додека анти ЕУ наративот го развиваа со продаден /изгубен идентитет, јазик и историја, овојпат потпретседателот на партијата Александар Николоски “екслузивнo” изнесува неточни информации во кои ја “присвојува” заслугата за издејствувано  вето на Чешка и Словачка на заклучоците за напредокот на Западен Балкан во процесот на проширувањето на ЕУ. 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување во емисијата Стадион на Канал 77 на 19-ти декември , ексклузивно изјавува дека  ВМРО-ДПМНЕ работела со четирите држави од Вишеград 4 ( Чешка, Унгарија, Словачка и Полска) за да спречат условот историја да влезе во заклучоците на Европската унија. Во тие 4 влади тие имале големи пријатели, па така реакцијата на Чешка и Словачка не е случајна.

Коментирајќи го ветото од страна на Чешка и Словачка за заклучоците за проширувањето во Европската унија, истакнува дека реакцијата на овие две држави е координирана.
Воедно истакнува дека во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ активно ги информирале своите пријатели што и се случува на Македонија. Па додава дека со тоа Чешка и Словачка се поголеми патриоти од Зоран Заев.

“Оваа група Вишеград 4 е голем поддржувач на проширувањето на ЕУ, но исто така е голем поддржувач на Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ таму има големи пријатели, почнувајќи со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, преку премиерот на Полска, Моравјецски, продолжувајќи со премиерите на Чешка и Словачка, кажа Николоски.

“Ексклузивната вест” на Николовски веднаш беше пренесена во онлајн просторот. Истата ја објавија порталите Курир, ММС, Локално, Македонски весник, Нетпрес, Mak Press, Акцент.мк, Скопје1.мк, Република, Опсервер.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Но само   кратко  траеше “заслугата” што ВМРО-ДПМНЕ си ја присвои за себе. “Информацијата” односно “eкслузивната вест” на Николовски беше демантирана од страна на амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш, и заменик-амбасадорот на Чешка, Лубомир Пшенка. Во заедничка изјава тие истакнуваат дека не постои ентитет од Северна Македонија што влијаел на одлуките на Братислава и Прага да ги блокираат предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето.

“Чешката Република и Словачка јасно ги соопштија околностите кои ги спречија да се согласат со предлог-заклучоците на Советот. Тоа беше сторено преку заедничка изјава на министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка.

За жал, одредени ентитети од Северна Македонија почнаа да шират неточни информации дека влијаеле на донесувањето на одлуките на Прага и на Братислава поврзани со процесите во самата ЕУ. Ниту чешката ниту словачката дипломатија не се свесни за постоење лоби-напори од некои ентитети кои би можеле да влијаат на процесот на донесување одлука во Прага и во Братислава.

Ако постоеле такви напори, таквите активности не стигнале до релевантните актери, односно до лицата што носат одлуки во Чешка и во Словачка. Одлуките на министрите Петричек и Корчок беа донесени без какво било влијание од ентитет од Северна Македонија.“

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap