ЕУ БАРА ФЕЈСБУК, ГУГЛ И ТВИТЕР ДА ИЗГОТВУВААТ МЕСЕЧНИ ИЗВЕШТАИ ЗА БОРБАТА СО ЛАЖНИ ВЕСТИ

БРИСЕЛ (Ројтерс) – Фејсбук, Гугл и Твитер треба да предаваат месечни извештаи за нивните залагања во борбата против дезинформациите, изјавиле двајца високи официјални претставници на ЕУ во средата 10.06.2020, истовремено укажувајќи на Русија и Кина за нивните улоги во ширењето на лажните вести.

 

Коментарите на шефот за надворешна политика на ЕУ, Јозеп Борел и потпретседателот на Европската комисија за вредности и транспарентност, Вера Јурова, ја истакнуваат загриженоста на блокот околу распространетоста на дезинформациите за КОВИД-19 и обидите на странски актери да влијаат  врз Европа.

 

„Тоа навистина покажува дека дезинформацијата не штети само врз здравјето на нашите демократии, туку штети и врз здравјето на нашите граѓани. Тоа може негативно да влијае врз економијата и да ја поткопа реакцијата на властите во насока на ослабување на здравствените мерки “, изјавила Јурова на прес-конференција.

 

Според неа следната лажна вест е вакцинацијата, цитирајќи една студија која покажува дека подготвеноста на Германците да се вакцинираат падна за 20 процентни поени за два месеци.

 

Комисијата соопштува дека дигиталните платформи треба да предаваат месечни извештаи со детали за нивните активности  во промовирање на авторитативна содржина и да ја ограничат дезинформацијата  околу коронавирусот и рекламирањето поврзани со неа.

 

Јурува открива  дека кинеската видео-апликација TikTok, во сопственост на кинеската компанија ByteDance,  преку платформата, ќе се приклучи на доброволниот кодекс на однесување на групата за борба против лажните вести. Кодексот го потпишаа Фејсбук , Твитер, Гугл и Мозила.

 

Извор: Reuters

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap