РЕЧИСИ ЕДНА ЧЕТВРТИНА ОД РУСИТЕ (23,2%) СМЕТААТ ДЕКА ПАНДЕМИЈАТА СО КОВИД-19 Е ФИКЦИЈА

Речиси една четвртина од Русите (23,2%) сметаат дека пандемијата Ковид-19 е фикција, направена од „заинтересираните страни“, пренесуваат руските медиуми. Дополнителни 9% од Русите сметаат дека опасноста од пандемија е претерана.

Ова се наодите од онлајн истражувањето низ целата земја, спроведено од Дирекцијата за Експертска Анализа на Високото Економско Училиште – еден од водечките универзитети во Русија. Анкетата беше спроведена во пет фази помеѓу Март и Мај и учествуваа над 30.000 луѓе од сите региони на Русија. Резултатите од истражувањето беа објавени на неколку руски медиуми, вклучително и РБК и Ведомсти.

 

Штетна дезинформација

Истражувањето исто така откри дека однесувањето на Русите кои ја сметаат пандемијата како фикција, значително се разликува од оние што ја признаваат како факт. 43% од Русите кои не веруваат во пандемијата велат дека ги посетиле своите роднини, во споредба со само 18% од оние кои веруваат во пандемијата.

Иако е предизвик да се проследи потеклото на личните верувања во врска со пандемијата, забележително е дека поимот „пландемија“, тврдењето дека избувнувањето на Ковид-19 е измама или барем претерување, е раширено од страна на про – Кремљ медиумите. Повеќе портали кои шират дезинформации тврдат дека Ковид-19 е трик на „Големата Фармацевтска Индустрија“ или „Голема Измама“ на тајните елити.

Теориите на заговор за Ковид-19 не се ниту уникатни ниту ограничени само на Русија или на про-Кремљ медиумите (што упорно ги туркаа дезинформациите на англиски, германски и неколку други јазици). Тие се појавија и на други познати медиуми, создавајќи забуна и заматување на информатичкото опкружување.

Целата статија може да ја прочитате тука.

 

Извор: EUvsDisinfo

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap