ЛАЖНИ ОБВИНУВАЊА ПОВРЗАНИ СО ПРОТЕСТИТЕ ПОРАДИ СМРТТА НА ЏОРЏ ФЛОЈД

Tags: fake newsGeroge FloydProtests
By јуни 10, 2020 мај 6th, 2021 DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#141

Дата:

03.06.2020

Извор:

mkdpress.site

Време на читање:

4 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: СЕКАДЕ НЕ ИМА БАЛКАНЦИТЕ! И Србин ги води протестите во Америка? На сите им е познат,еве за кој се работи!

На 3-ти јуни на порталот mkdpress.site беше објавена следната манипулативна статија со наслов СЕКАДЕ НЕ ИМА БАЛКАНЦИТЕ! И Србин ги води протестите во Америка? На сите им е познат,еве за кој се работи! Предметната статија тврди дека познатиот активист, Срѓа Поповиќ, е меѓу организаторите на протестот, а во тој контекст го проследува фејсбук постот на одредено лице по име „Vuk Rosandic“.Според текстот, на социјалната мрежа фејсбук кружи фотографија од познатиот активист Срѓа Поповиќ, во чиј опис се вели дека тој е меѓу организаторите на протестот во Америка. Сигурно го знаете лицето, а ние веруваме во работата. Дали е ова точно, тие што се запознаени со геополитичките превирања знаат, иако дејствијата на Срѓа Поповиќ во Србија и Белград се добро познати”.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Порталот не наведува извор на текстот, но многу веројатно е дека е превземена од српски портали, кои исто така се повикуваат на социјалната мрежa фејсбук каде се споделува фотографијата. Според тоа извор на оваа дезинформација се фејсбук корисници кои се “задолжени” за следење на активностите на нивниот државјанин Срѓа Поповиќ. На фејсбук профилот и твитер профилот на г-динот Срѓа Поповиќ не може да се најде фотографијата, која е предмет на фб постот и текстот на порталот mkdpress.site. Од јавно видливата содржина на неговите постови не може да се најде некаков податок што би укажал на тоа дека Поповиќ овие денови се наоѓа во Соединетите Американски Држави., како што стои во описот дека наводно испраќа топол поздрав од Минеаполис. Ф2Н2 го истражи потеклото а деталите за тоа се подолу во текстот. Но најпрво, кој е Срѓа Поповиќ?

 

Срѓа Поповиќ е политички активист и еден од основачите на српската ненасилна група Отпор, благодарениe на која во октомври 2000 година беше урнат режимот на поранепниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ. Во 2003 година, Поповиќ и неговите соработници го основаа Центарот за применета ненасилна акција и стратегии (CANVAS). Неговата организација има работено со активисти од 46 различни земји, споделувајќи го знаењето за ненасилните стратегии и тактики што ги користи Отпор! Во ноември 2011 година, престижното списание Foreign Policy го  рангира Срѓа Поповиќ во „Топ 100 Глобални Мислители“ за инспирација на демонстрантите на Арапската пролет. Во 2012 година тој беше номиниран за Нобелова награда за мир, а во 2014 година тој беше рангиран како „Млад светски лидер“ од страна на Светскиот економски форум во Давос.

Имајќи го предвид ова, заклучокот е јасен. Фотографијата која што се шири на социјалната мрежа ФБ е стара 5 години направена од фотографот Дејвид Левен.

Истата оваа стара фотографија што сега се споделува со пропратен текст од одредени фејсбук корисници, кои притоа не нудат никаков доказ за тоа на што упатуваат во нивниот пост, не претставува никаков доказ за евентуална вмешаност на Срѓа Поповиќ во организацијата на протестот во САД.

На 25-ти мај 2020 година светот беше сведок на немил настан во Соединетите Американски Држави, кога во текот на постапката на апсење, во притвор погина 46 – годишниот афроамериканец Џорџ Флојд. По јавното обелоденување на настанот, четворицата полицајци кои го спроведуваа апсењето беа отпуштени и против нив се покренати соодветни обвиненија. Покрај тоа, настанот предизвика низа на огромни протести низ Соединетите Американски Држави поради смртта на Џорџ Флојд кои траат до денес и продолжуваат дополнително да ја зголемуваат хаотичноста во земјата додека во тек е коронавирус пандемијата. Манифестации на насилство воопшто не беа во недостаток на голем дел од овие протести.

Како и секогаш, вакви и слични настани се плодна почва за сите оние кои сакаат да шират дезинформации и да ја манипулираат јавноста. Воедно овие дезинформации имаат и цел да послужат како лажни акузации за одредено лице, со што се нанесува штета на личната репутација на тоа лице, во случајот Срѓа Поповиќ. Читателите се доведуваат во заблуда, а со тоа се подложни на формирање на погрешни заклучоци. Затоа, ја советуваме публиката да не дозволува да биде манипулирана и да верува на оние информации кои се поткрепени со веродостојни докази.

Настојувањето на секој можен начин да се доведе во релација Сорос со случувањата не само во регионов туку и пошироко, го наметнува прашањето како ли само успева Сорос, да постигне и да менаџира толку многу процеси низ целиот свет. Одговорот е едноставен, станува збор за комплетни измислици и теории на заговор кои покрај кликовите имаат примарна цел да ги збунат читателите и да поттикнат недоверба во системот и институциите.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap