ЕУ ВЕТУВА ЛЕТНА ТУРИСТИЧА СЕЗОНА

Tags: COVID-19FranceTravelling
By мај 17, 2020 Other

Постепено укинување на границите e предлогот на ЕУ раководството. Целта е да се рестартира туристичка индустрија, погодена од пандемијата на коронавирус. Четири прашања се важни: граници, патување, ваучери и здравје.

„Нашата порака е дека ќе имаме туристичка сезона ова лето“, изјави комесарот за економски прашања, Паоло Џентилони, „дури и ако е потребно со безбедносни мерки и ограничувања“.

Границите се затворени низ ЕУ, вклучително и безграничната Шенген зона. Но, државите почнуваат повторно да ги отвораат.

Австрија и Германија станаа најновите земји на ЕУ, кои се согласија да ги отстранат патните ограничувања.

Од петок ќе има случајни проверки на граничните премини, а потоа на 15 јуни треба да продолжи слободното движење. „Ние сакаме да го олесниме секојдневниот живот на луѓето и да направиме уште еден чекор кон поголема нормалност“, изјавил канцеларот Себастијан Курц.

Патниците во Велика Британија веќе се предупредуваат да не очекуваат „раскошни“ меѓународни празници, со план за 14-дневен карантин доколку користат авион. Сепак, патувањето без карантин ќе биде можно во Франција и Ирска.

 

 

Извор: BBC.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap