Европските вредности злоупотребени за заплашување со Голема Албанија

Tags: Greater Albania
By март 25, 2019 мај 10th, 2021 DISINFORMATION, Disinformation, Spin

Дезинформација бр:

#7

Дата:

29.12.2018

Извор:

infomax.mk

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Дезинформација е дека планот за Голема Албанија се интензивира, како и дел од насловот: „Еве позади што се крие реализацијата на идејата за Голема Албанија“. Изјавата на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров е: „Размената на територии, етничките граници се концепти на минатото….. во обединета Европа границите се суштински невидливи“, осврнувајќи се на можната размена на територии меѓу Косово и Србија, е спинувана и злоупотребена од страна на порталот. Преку прашање до читателите: „дали со оваа изјава министерот Димитров го поддржува планот на Албанија за отворање на границите“ се имплицира дека министерот го поддржува овој план, поткрепено со изјавата на албанскиот премиер Еди Рама дека планира да ги отвори границите и кон Македонија.

Инфомакс се повикува и на текст објавен во Спутник, еден ден претходно, во кој има авторски текст и интервју.

Линк до оригиналната статија тука.

Линк до архивираната оригинална статија тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Изјавата на Димитров е во духот на обединета Европа и ги промовира вредностите на Европската Унија. Една од овие вредности е дека сите земји се обединети и нема граници помеѓу нив – Шенген зоната. Кога станува збор за Шенген зоната, има група на земји, членки на ЕУ, кои не се дел од неа, меѓу кои се Хрватска, Бугарија и други.  Постојат и земји кои се придружни членки на Шенген зоната, а не се членки на ЕУ.

Ова значи дека безграничниот систем се воспоставува во повеќе чекори, поставувајќи правила и механизми, како заеднички, така и во рамките на секоја земја. Исто така, земјите треба да обезбедат заеднички стратегии за надворешните гранични контроли и надзорстратегија за борба против тероризмот и трговија со луѓе и, што е најважно, да ги спроведат истите.

Европската Унија нуди огромни можности, но доаѓа со сериозни обврски, што претставува суштинска вредност, а сите напори на земјите од регионот во оваа насока треба да се поздрават и поддржат.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap