ФРАНЦИЈА И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА НЕМА ДА ГИ ОТСТРАНАТ МЕРКИТЕ ЗА САМОИЗОЛАЦИЈА

Tags: COVID-19FrancePandemiaUnited Kingdom
By април 14, 2020 април 17th, 2020 Corona, Other, Retrieved

Со зголемувањето на стапката на смртност во Британските болници која се искачи на 11.329 заклучно со Понеделник (13.04.2020) имајќи го премиерот Борис Џонсон како рековалесцент од борбата со коронавирусот, британската Влада најави дека мерките за изолација ќе продолжат и оваа недела.

Британија според бројот на починати се искачи помеѓу првите пет земји во светот, и се соочува со ризик да стане најлошо погодената земји во Европа – изјави постар научен советник во Владата.

И покрај дебата за тоа до кога да продолжат мерките, се чини дека Владата на Џонсон сепак има поддршка кај граѓаните мерките да продолжат до почетокот на Јуни, се со цел да се спасат повеќе животи.

Францускиот Претседател Макрон пак во обраќање до нацијата веќе најави дека мерките сигурно ќе продолжат до 11 мај, велејќи дека “и во наредните 4 недели правилата мора да се почитуваат“.

Франција и Велика Британија се помеѓу земјите кои во последната недела бележат раст на бројот на заболени како и на бројот на починати од коронавирусот со што обете се искачија на при врвот на светската листа, поминувајќи ја Кина.

 

Извор: Ројтерс

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap