ФРАНЦИЈА ИЗВЕСТУВА ЗА ПОВЕЌЕ ОД 1500 НОВОЗАРАЗЕНИ

ПАРИЗ (Ројтерс) – Франција во петокот 26.06.2020 пријави повеќе од 1.500 нови потврдени случаи со коронавирус. Ова е бројка која досега не беше забележана од 30 мај. Покрај новозаразените и бројот на жртви поврзани со вирусот се зголеми за најголемата бројка за три дена.

 

Француските здравствени власти во соопштението јавуваат дека вкупно ново потврдените инфекции се зголемиле за 1.588, што е над двата просека: 498 забележани во последните седум дена и просекот од 430 од почетокот на Jуни.

 

Бројот на луѓе кои починале од болеста се зголемил за 26 на 29.778, споредено со 21 во четврток и 11 во среда, и во просек 19 во последните седум дена.

 

Извор: Reuters

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap