ГЛАСИНИТЕ ЗА ВЛОШЕНОТО ЗДРАВЈЕ НА ЛИДЕРОТ НА СЕВЕРНА КОРЕЈА СЕ ИНТЕНЗИВИРААТ ПО ВЕСТА ДЕКА КИНА ИСПРАЌА ТИМ ЕКСПЕРТИ

ПЕКИНГ/СЕУЛ (Ројтерс) – Кина испраќа тим во Северна Кореја, во кој има дипломати и медицински експерти. Овој податок ги подгреа гласините за влошената здравствената состојба на Ким Јонг Ун.

Информацијата која ја објави Ројтерс доаѓа во моментот кога има различни извештаи  околу здравствената состојба на севернокорејскиот лидер, па дури и такви кои јавуваат за негова смрт.

Онлајн порталот Дејли НК, со седиште во Сеул, претходно објави дека Ким закрепнува по  oперацијата на срце.

Целата ситуација се загреа, откако преставници на Владата на Јужна Кореја и официјално лице од кинеската канцеларија за врски, предизвикаа последователни извештаи кои сугерираат дека лидерот на Северна Кореја е во сериозна опасност по оперативен зафат.

Државните медиуми на Северна Кореја последен пат известувале за Ким, кога тој претседавал со состанокот на 11 април.

 

Извор:  Reuters

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap