ГОЛЕМ ИЛИ МАЛ ЧЕКОР НА РУСИЈА КОН ВАКЦИНА ЗА КОВИД-19?!

Дезинформација бр:

#142

Дата:

02.06.2020

Извор:

mkdpress.site

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: РУСИЈА НА ЧЕКОР ОД ВАКЦИНА ЗА КОВИД? Ќе се дозира како млечен производ! Еве зошто!

 

Порталот mkdpress.site објави текст со наслов РУСИЈА НА ЧЕКОР ОД ВАКЦИНА ЗА КОВИД? Ќе се дозира како млечен производ! Еве зошто!. Самиот наслов значи дека се навестува вакцина против коронавирусот во брзо време, Русија наводно е многу близу до откривањето на вакцината.

Но во содржината на текстот нема објаснување колку е тој временски период “чекор од вакцина”.

Во текстот се вели дека руски научници работат на вакцина против коронавирусот која луѓето ќе ја примаат не во форма на инекција, туку како млечен производ. Имено според изјавата на потпретседателот на Руската академија на науки, Владимир Чеконин, на вакцината за коронавирусот работеле научници од Институтот за експериментална медицина од Санкт Петерсбург, и станува збор за вакцина која би се внесувала преку слузницата, односно орално.

Линк до оригиналниот текст може да најдете тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Досега СЗО брои 123 вакцини кои се предмет на предклиничка евалуација, а пак во фаза на клиничка евалуација односно тестирање се само 10 вакцини од кои што 5 се од Кина3 од САД и по 1 од Германија и Англија. Русија ја нема на оваа листа!

Руските вакцини кои што се 10 на број се наоѓаат во фаза на претклиничко тестирање, а оваа фаза не значи „близу до вакцина“. Додека претклиничкото тестирање претставува лабораториско истражување и тестирање само на експериментални животни, кое одговара на основните прашања во врска со безбедноста на лекот и не опфаќа тестирање на луѓе, клиничкото истражување е фазата на студии и испитувања што се прават кај луѓе. Процесот на развој на еден  лек или вакцина со сите фази се  објаснети од Американската Агенција за Храна и Лекови.

Руски лекови и вакцини против коронавирусот има од кога се појави вирусот. Но за жал вистината е друга. Сеуште нема лек или вакцина за Ковид-19.

Тврдењето дека Русија е близу до вакцина или лек не е ново. Текстови со оваа содржина во кои се величи руската медицина се објавуваа уште на почетокот на пандемијата. Тимот на Ф2Н2 веќе пишуваше за некои од нив во следниве наслови:  СЕУШТЕ НЕМА ЛЕК ЗА КОРОНА, ЗА КОРОНА НЕМА ЛЕК ВО АПТЕКАХЕЛИУМОТ И КИСЛОРОДОТ СЕ КОРИСТАТ ЗА ЛЕЧЕЊЕ НА АСТМА СО ГОДИНИ, ДЕКА НЕ СЕ РУСКО ОТКРИТИЕ.и НИТУ РУСИЈА НИТУ ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ ИМААТ ВАКЦИНА ЗА КОРОНАВИРУС.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap