ГРЦИЈА ГИ ОТВОРИ КАФУЛИЊАТА И РЕСТОРАНИТЕ ПРЕД ЛЕТНАТА СЕЗОНА

АТИНА (Ројтерс) – Грција овозможи кафулињата и рестораните да се отворат во понеделникот 25.05.2020, како дел од постепеното укинување на ограничувањата од коронавирусот.  Ова го направи со цел да ја рестартира нејзината економија зависна од туризмот и да помогне во привлекувањето странски посетители пред летната сезона.

 

Земјата која излезе од децениската финансиска криза во последните неколку години, се потпира на туризмот, со цел да помогне да се опорави од националното затварање кое предизвика економски застој.

 

Со раздвоени маси и келнери кои носат маски, рестораните ги пречекаа сите кои сакаа да излезат и да уживаат во храната и шолја кафе, повторно по приближно два месеци, рестриктивни мерки.

 

Досега земјата успеа да го ограничи ширењето на инфекции од KОВИД-19 на само 2.878 случаи и 171 починати лице, што е ниска стапка споредено со други места во ЕУ. Овие бројки се  главно поради рано преземените мерки за затварање на национално ниво во март.

 

Извор: Reuters

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap