КАПСУЛАТА НА МИЛИЈАРДЕРОТ ИЛОН МАСК СЕ СПОИ СО МЕЃУНАРОДНАТА ВСЕЛЕНСКА СТАНИЦА

Ројтерс – Само 19 часа по лансирањето од Флорида, вселенската капсула „Crew Dragon“ на SpaceX со двајца астронаути во неделата 31.05.2020 се спои со Меѓународната вселенска станица, создавајќи историски момент. Американските астронаути Даг Харли и Боб Бенкен се вкотвија со вселенското летало во мисијата на НАСА со Меѓународната вселенска станица. Ова е  е прво полетување на Американци од американско тло по девет години.

 

Лансирањето почна во саботата од страна на SpaceX, приватна компанија на милијардерот Илон Муск. Ова е првпат, астронаути во вселената да ги однесе комерцијално вселенско летало, во сопственост на приватна компанија која управува со него.

 

Извор: Reuters

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap