КАТАЛОНСКИОТ ЛИДЕР СО ПОРАКА: ПРЕСТАНЕТЕ СО ЗАБАВИТЕ ИЛИ СЛЕДИ КАРАНТИН

БАРСЕЛОНА (Ројтерс) – Младите Каталонци треба да престанат да се забавуваат, за да помогнат во спречување на нови случаи од коронавирусот или локалните власти можеби ќе треба повторно да воведат ограничувања, изјавил лидерот на североисточниот шпански регион во понеделникот 27.07.2020.

 

Каталонија е во центарот на новото ширење на заразени од коронавирус во Шпанија. Ова уследи по укинувањето на ограничувањата на национално ниво, минатиот месец. Франција ги замоли своите граѓани да не патуваат таму, а и Германија и Белгија го сторија истото за дел од регионот.

 

„Ако продолжиме со сегашното темпо на социјален живот, единственото нешто што ќе постигнеме е да придонесеме ситуацијата да се “влоши“, нагласил регионалниот лидер на Каталонија, Квим Тора, откако младите се вратија на старата традицијата – вечерни забави со алкохол.

 

Извор: Reuters

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap