КИНА СО СИЛНА ПРОПАГАНДА ПО ТЕРКОТ НА РУСИЈА, ВО ТРКА ДА ИЗГЛЕДА НАЈХУМАНА И НАЈСИЛНА ОД СИТЕ

Дезинформација бр:

#111

Дата:

20.04.2020

Извор:

expres.mk

Време на читање:

4 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: Италија се врти кон Кина и Русија – најголеми непријатели се членки на ЕУ и САД

 

Во текст објавен на 20ти април 2020 година, на порталот Expres.mk  се пренесуваат резултатите од анкета во Италија на која што италијанските граѓани кои што се интервјуирани како најпријателски земји ги гледаат Кина и Русија, иако овие држави се историски противници со ЕУ и нејзините членки. Се вели дека Италија се врти кон Кина а и дека е непријателски настроена кон повеќе земји членки на ЕУ.

Овој сентимент за Кина како силна земја која што помага на европските земји во борбата со коронавирусот се развива веќе подолго време, создавајќи слика за оваа земја како многу силна.

 

Линк до оргиналната статија тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Како Кина успеа да се наметне во Италија и да излезе пред стратешкиот партнер, САД.

Тинк Тенк организацијата за меѓународни односи „Atlantic Council“ во неговото истражување не води низ главните начини на пропаганда со кои што Кина успеа да се наметне како „земја спасител“ во Италија со само една донација,  во време кога се уште „не го исчистила својот двор“ од вирусот.

Кина според Атлантскиот Совет,  спроведе активна информативна кампања на социјалните мрежи, користејќи ботови и стари техники на руска дезинформација.

Но, бидејќи социјалните мрежи не се доволни за да го наметнат позитивното мислење за Кина, се вклучиле и традиционалните медиуми во Италија.

Како телевизиите во Италија и помогнаа на Кина да изгледа како „пријател“

Уште во март 2019 година беа потпишани неколку уреднички договори помеѓу кинеските и италијанските медиуми, откако беше потпишан Меморандумот за разбирање од страна на италијанската влада за приклучување на Иницијативата за појаси и патишта, во присуство на кинескиот претседател Зи Јинпинг. Сите влијателни италијански медиуми како агенции, весници и телевизии,  влегоа во партнерства со кинеската државна агенција Ксинхуа, кинескиот економски дневен весник и Кинеската медиумска групација.

Така имајќи влијание кај италијанските медиуми,за што известуваше критички настроениот италијански медиум Formichie, Кина беше спремна за спектакл во моментот кога однесе донација во Италија.

Според истражувањето на италијанскиот Formiche, кој што ја направил анализата на јавното мислење со помош на медиумска разузнавачка компанија ( не знам дали е точниот назив за – media intelligence company) , веста за карго летот од Кина имал три пати повеќе видливост во споредба со веста за 100 милиони американски долари донација од САД. Дури и пристигнувањето на воената помош од Русија се прикажувала повеќе време на каналите РАИ отколку иницијативата на Белата куќа, но многу помалку во споредба времето што било резервирано за Кина.

Седумте платформи на РАИ во текот на 12-13, 23-24 и 30-31 Март, доделиле простор од 1904 секунди за помошта на Кина, за помошта од Русија 741 секунди, а пак за американската помош само 589 секунди.

Таква позитивна пропаганда за Кина постои и во Северна Македонија, веќе подолго време, само што се уште не е направено некое истражување со кое што би се измерил ефектот од пропагандата кај луѓето.

Нашиот тим пишуваше за пропагандата за наводно масовно заменување на знамето на ЕУ во Италија со тоа на Кина, но овој и други наративи за кои што пишувавме излегоа пропагандистички и во улога на промовирање на идејата дека Кина го зазема местото на ЕУ во светот.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap