МАСКИТЕ ВО ФРАНЦИЈА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ВО УЧИЛИШТАТА И ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

Париз (Би-Би-Си) – Франција ги воведува маските како задолжителна мерка за сите кои го користат јавниот превоз. Маските ќе бидат задолжителни и за учениците во средните училишта, откако на 11 мај ќе започнат мерките за олеснување, како резултат на коронавирусот.  Мерките официјално ги претстави францускиот премиер Едуард Филипе.

 

Училиштата во Франција, наставата ќе ја започнат постепено, почнувајќи од градинките и основните училишта. Средните училишта во реоните каде епидемијата од коронавирусот била поблага, ќе може да следат  настава од 18-ти мај, останатите на крајот на месец мај.

 

Во Франција продавниците и маркетите ќе се отворат од 11-ти мај, но не и угостителските објекти. Продавниците ќе имаат право да побараат од купувачите да носат маски, како и да обезбедат дистанца од еден метар (3 стапки). Маските за лице  ќе бидат задолжителни и во училиштата за деца на возраст над 11 години.

 

Франција е една од земјите во Европа, која беше меѓу најпогодените според стапката на на смртност од  „Ковид-19“, заедно со Велика Британија, Италија и Шпанија.

 

На 28.04.2020, бројот на луѓе кои починале како последица на вирусот, пораснал за нови 367 на вкупно 23.660 лица, според официјалните бројки. Инфицирани со коронавирусот се околу 129.859 лица.

 

 

Извор: BBC

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap