МЕРКЕЛ ИЗЈАВИ ДЕКА Е МЕТА НА РУСКИ ХАКЕРИ

Германската канцеларка Ангела Меркел потврди дека била мета на хакери, за кои се смета дека се руско воено разузнавање (ГРУ).

 

Таа била запрашана во парламентот за извештајот на германскиот магазин кој пријавил дека ГРУ добила е-пошта од нејзината изборна канцеларија во хакерски напад во 2015 година.

 

„Ме повредува“, изјавила Меркел опишувајќи го хакерството како „срамота“. Сепак, германската канцеларка најавила дека ќе продолжи да „се залага за добри односи со Русија“.

 

Извештајот за хакерството за 2015 година, пријавен од списанието „Шпигел“, вклучувал кражба на податоци од компјутери во германскиот парламент. Во 2018 година, владината ИТ мрежа, исто така била нападната, а во извештајот се посочуваат руски хакери.

 

Руската влада негираше дека ги хакира податоците на германскиот парламент.

 

Извор: BBC.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap