МНОГУ НАЦИИ СЕ ДВИЖАТ ВО ПОГРЕШНА НАСОКА СО КОВИД 19, НАГЛАСУВА СЗО

Tags: COVID-19WHO
By јули 14, 2020 Corona, Retrieved

Пандемијата од коронавирус ќе се влоши уште повеќе, доколку владите не успеат да преземат порешителна акција, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).

 

Генералниот директор Д-р Тедрос Аданом Габриезус изјави дека „премногу земји се движат во погрешна насока“.

Бројот на заразени расте во земјите каде што не биле донесени соодветни мерки или пак донесените мерки не биле следени, додал тој.

 

На брифингот во Женева во понеделникот 13.07.20202, д-р Тедрос изјавил дека „измешаните пораки од лидерите“ ја поткопуваат довербата на јавноста, во обидите да се стави пандемијата под контрола.

„Вирусот останува јавен непријател број еден, иако постапките на многу влади и луѓе не го покажуваат тоа“, рече тој.

 

Д-р Тедрос нагласува дека мерките како што се социјалното растојание, миењето на рацете и носењето маски во соодветни ситуации треба да бидат сериозно преземени, предупредувајќи дека нема да има „враќање во старата нормала во блиска иднина“.

 

Извор: BBC.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap