Н.Е. НАТАЛИЈА ЗАДОРОЖЊУК ЗА УКРАИНСКО-РУСКИТЕ ОДНОСИ

  • Прашањето не е толку поврзано со односите Русија-Украина, туку е многу пошироко, се однесува на сите држави, вклучувајќи ја и пријателска Северна Македонија. Или сите ќе бидеме на страната на силата на правото, или авторитарна Русија ќе победи со правото на силата.
  • Секогаш е тешко со соседите, но цивилизираните држави меѓусебните спорови ги разрешуваат на цивилизиран начин. Не можам да замислам  некој ваш сосед во 21-ви век да дојде и да ви украде дел од територијата и да убие околу 15.000 лица. И сето ова е само поради тоа што вашата земја сака да ја одбере својата иднина, својот развоен пат.
  • Главните причини за оваа не само хибридна, туку и реална војна, е желбата на Русија да си ја поврати својата империја, да го зачува својот авторитарен режим и да ги оддели Украина, Белорусија, Молдавија и Грузија од западниот свет. Русија сака да ги види нашите држави, а најпрво Украина, како контролирана пречка за ширењето на западните вредности, слободата и демократијата во Русија, што претставува закана за авторитарниот режим ан Путин. Силна, богата и демократска Украина е сериозна закана за режимот на Путин.
  • Постојат сериозни тешкотии на нашиот пат, мораме во исто време да се развиваме, да се реформираме и да се бориме, што е многу тешко, но ние сме спремни. За нас „слобода“ не е само празен збор.
  • Ние сметаме на јасна и недвосмислена поддршка од пријателска Северна Македонија. Чекаме да се придружите на санкциите од Европската Унија (не можете да седите на два стола, постојат моменти во животот кога мора да одлучите прво за себе, на која страна од барикадите сте. Ние Украинците имаме многу убедливо негативно искуство со неутралноста). Ако одиме со ЕУ и НАТО, ако сме дел од европските вредности, тогаш не само на збор, туку и со нашите акции го покажуваме тоа.
  • Кремљ и неговите поддржувачи во другите земји (некои платени, некои заведени од руската пропаганда) користат хибридни оружја – информациски напади, сајбер-напади, лажна руска пропаганда, и тука Северна Македонија не е исклучок.

 

Извор: Амбасада на Украина во Република Северна Македонија

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap