НАТО е стратешка определба на државата и на сите влади од осамостојувањето до денес

Tags: anti-NATOLavrovMK NATO membership fee
By април 8, 2019 мај 10th, 2021 DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#14

Дата:

06.04.2019

Извор:

vecer.mk

Време на читање:

4 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: А сега… 200 милиони евра за членска карта во НАТО: Македонија ќе мора да купува американско оружје

Првиот дел од насловот на текстот на порталот е целосно неточен. Во интервјуто за „Московски комсомолец“, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, никаде не спомнува бројка или сума на пари кои Северна Македонија ќе ги одвојува за членство во НАТО.

На новинарско прашање како членството на Црна Гора и на Северна Македонија ќе се одрази врз, односно дали ќе ја загрози националната безбедност на Русија, Лавров одговара дека НАТО сака да ги контролира сите земји во опкружувањето на Русија. Тој се осврнува на референдумот во Северна Македонија за кој вели дека е преседан, бидејќи, според него, референдумското прашање содржело три прашања, а не едно, и дека референдумското гласање се спровело под силно влијание на Западот.

Линк до оригиналната статија тука.

Линк до оригиналното интервју на Лавров тука.

Линк до архивираната оригинална статија тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Членарина во НАТО: Во НАТО не постои фиксна годишна членарина. Финансирањето на НАТО е договорено меѓу земјите членки со посебна формула. Според таа формула, Северна Македонија ќе плаќа околу 1,2 милиони евра годишно што ќе претставува 0,0721% од буџетот на Алијансата. Ова неодамна беше обработено од страна на F2N2.

За споредба, Албанија придонесува со 0,0841 проценти во буџетот на НАТО. Она што САД како најголеми финансиери во НАТО го бараат од другите земји членки, е да го проектираат буџетот во сопствената одбрана во износ од 2% од бруто домашниот производ. Но и ова барање не е обврзувачко, туку е само како дадена насока за зголемување на расходите за одбрана на 2% до 2024 година.

Набавка на оружје: Во делот во кој Лавров вели дека со членството во НАТО Северна Македонија ќе мора да купува американско оружје, актуелната политика на НАТО е да постои компатибилност внатре во Алијансата. Оттука, НАТО не ги обврзува сојузниците да купуваат оружје само од САД или од земјите-членки на НАТО, туку истото треба да биде во согласност со одбранбените стандарди на НАТО на начин што не би ја нарушило безбедноста на НАТО сојузниците. Повеќе за ова прашање можете да прочитате од интервјуто на Генерал Петр Павел, во својство на претседател на Воениот комитет на НАТО.

Покрај другото, генерал Павел истакнува дека иако “секоја нација е слободна да носи сопствени одлуки поврзани за одбраната, планот на Турција за купување на системот С-400 би спречил Анкара да биде дел од било кој интегриран систем за воздушна одбрана на НАТО сојузниците, што може да резултира и со други технички ограничувања.”

Проблемот со набавката на оружје и системи за одбрана од Русија се состои во скапото сервисирање и одржување на опремата, но и лошата соработка со Русија на ова поле. За илустрација, Украина имаше неколку неуспешни обиди да изврши сервисирање на опремата купена од Русија и поранешниот Советски сојуз, додека пак сервисирањето на вкупно 16 млазни авиони од типот МиГ-29 Бугарија ја чинеше 49 милиони долари.  Властите од Софија неколку пати се обидоа да најдат друга компанија која ќе го изврши сервисирањето, но сите обиди беа неуспешни.

Членството на Северна Македонија во НАТО: НАТО е стратешка определба на сите влади од осамостојувањето на земјата до денес. Сите напори и активности преземени од страна на државата во оваа насока:

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap