НЕ ПОСТОИ МАТИЧНА ПЛОЧА ЗА 5G СО ОЗНАКА COV-19

Дезинформација бр:

#127

Дата:

19.05.2020

Извор:

horoskop-krajnicki.mk

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: Шокантно видео од Велика Британија (видео)! На матичните плочи за 5G антените пишува COV-19! Не случајно вирусолозите кажаа дека вирусот се шири и преку воздухот

 

На 19 Мај 2020 година на порталот horoskop-krajnicki.mk беше објавен текст со наслов Шокантно видео од Велика Британија. На матичните плочи за 5г антените пишува Ковид 19….Не случајно виролозите кажаа дека вирусот се шири преку воздухот….Како извор авторот користи текст од српскиот портал webtribune.rs, па продолжува дека воопшто не е изненаден бидејќи и претходно зборувал за тоа дека 5Г мрежата допринесува за ширење на коронавирусот Во текстот наведени се повеќе дезинформации за 5Г мрежата, за кои тимот на  Ф2Н2 има пишувано  во повеќе наврати.

Видеото  кое на каналот Yоu tube е поставено на 15 мај, започнува да се шири по социјалните мрежи во светот и во регионот, а кај нас заврши во спакуван текст од горенаведениот портал.

На широко распространетото видео зборува човекот кој наводно треба да инсталира матична плоча, со ознака  COV-19,  на 5G базна станица.

Видеото е уште еден пример за веќе присутната теорија на заговор дека  заболувањето со коронавирусот  COVID-19 е предизвикано од 5G.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Не постои матична плоча за 5G антени на која стои ознака COV-19.

Американскиот веб сајт за проверка на факти, Snopes.com го квалификува  ова видео како неточно.

Во еден дел од видеото може да се види слика од уредот на која стои име на компанијата “Hannstar”која всушност е производител на тој уред.

Имено, компанијата HannStar  не произведува 5G опрема. Hannstar е компанија со седиште во Тајван, која прави телевизиски делови и компјутерски монитори.

Парчето опрема прикажано во видеото e многу старо ипотекнува од стара кутија за кабловска телевизија а зборот COV-19, никогаш не бил напишан на ниту еден дел од уредот. Ваквата информација за Ројтерс, директно eпотврдена од страна на портпаролот на “Вирџин Медија”, Британска компанија за кабловска телевизија. Воедно од компанијата беше потврдено и дека парчето опрема прикажано во видеото, нема никаква врска со 5G мрежата или било каква мобилна мрежа.

 

Покрај тоа што зборот „Hannstar“ е видлив на овој уред, како и потврдата на портпаролот на „Вирџин Медија“ дека се работи за стар уред од кабловска телевизија којшто всушност никогаш не го содржел зборот COV-19, на снимката може да се забележат и приклучоци за поврзување кои што се користат за телевизија, а не за мобилна технологија. Имено се работи за приклучокот SCART 21– пин конектор за поврзување на парчиња аудио-визуелна опрема.

Од наведеното јасно е дека во видеото не е прикажана матична плоча која се вгрaдува во 5G базните станици, туку прикажано е  парче од уред на стара телевизиска опрема на којшто очигледно некој го допишал зборот COV-19 во обид да ги претстави “доказите” за теоријата на заговор дека  коронавирусот  се шири од 5G базните станици.

За слична тема со оваа , односно “мистериозно” појавување на ознаката  COV-19, нашиот тим веќе пишуваше.

Додека властите се борат со пандемијата на коронавирусот, Ф2Н2 се бори против лажните вести и дезинформациите.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap