НЕМА ОДЛУКА ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА

Tags: EnergyMEPSO
By ноември 2, 2020 мај 6th, 2021 DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#188

Дата:

29.10.2020

Извор:

thenewsgo.co

Време на читање:

2 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: Повторно ќе има покачување на цената на струјата

На 29 -ти октомври, анонимниот портал thenewsgo.co обајви текст со наслов Повторно ќе има покачување на цената на струјата. Истата вест со идентичен наслов беше објавена и од страна на други портали како Zase.mkbulevar.mkSkopjeInfo.mk.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Во насловот на веста категорично се тврди дека струјата ќе се покачи, без да се прецизира кога. Но ова тврдење е неточно, неосновано и непоткрепено со некаков доказ за тоа. Во содржината на текстовите стои дека МЕПСО наводно немало да се откаже од покачувањето на струјата и дека не се знаело ниту дали зголемувањето ќе помогне да ги покријат сите потребни инвестиции на компанијата, затоа што добиле минимално покачување, иако побарале многу повеќе. Но, според изјавата на директорката на АД МЕПСО, г-ѓа Шуклева, не се знае дали МЕПСО идната година повторно ќе побара нов раст на цената. Во изјавата никаде не стои дека ќе има покачување оваа година, ниту пак дека има одлука за такво нешто. Порталите само ја искористиле нејзината изјава во однос на редовната корекција на цената струја која се врши во месец јули, и ја спинувале во насока на поттикнување на страв и несигурност кај граѓаните дека покрај економската криза како резултат на пандемијата ќе следи уште една мерка која ќе ги удри по џебот.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap