НЕМА ЗАГОВОР НА МЕЃУНАРОДНИТЕ МЕДИУМИ ПРОТИВ МАКЕДОНЦИТЕ

Дезинформација бр:

#166

Дата:

27.06.2020

Извор:

freeglobe.mk

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: ММДЧП ПОВИКУВА НА АКЦИЈА : КАЖЕТЕ ИМ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ МЕДИУМИ ДА ПРЕСТАНАТ ДА ШИРАТ ОМРАЗА ПРОТИВ МАКЕДОНЦИТЕ

На 27.06.2020 порталот Слободен Свет објави текст во чиј наслов е изнесено тврдење дека меѓународните медиуми шират омраза против Македонците, поради што ММДЧП повикува на акција. Во нивниот повик стои: „Вашето известување за Македонија шири омразаИзразот “Северна Македонија” го негира нашето име и идентитет. Крајно е навредливо вашето известување дека со принудното преименување на Македонија (кое Македонците во целост го отфрлаат) се “решил дипломатски спор.“

 

Линк до оригиналната статија тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Објавениот текст е еднострано пренесено соопштение на организацијата „Македонско меѓународно движење за човекови права“. Ова е организација зад која стои македонската дијаспора од Канада.

Во нивното соопштение се изнесени манипулации кои се поврзани со Преспанскиот договор и промена на името на државата.

Која е вистината?

Не постои заговор на меѓународните медиуми, ниту пак тие шират омраза за Македонците. Ќе потсетиме дека договорот Преспа беше потпишан на 17.06.2018. Според договорот, македонската страна го прифаќа името Република Северна Македонија за севкупна употреба, како внатрешна, така и надворешна, а Грција ќе го признае државјанството на соседната земја како македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, ќе се согласи официјалниот јазик на државата да се именува како македонски јазик. Покрај ова, Грција нема да го попречува членството на соседната земја во меѓународните организации.

Според договорот нема негирање на македонскиот идентитет, напротив, Грција го признава македонскиот народ и македонскиот јазик, што значи дека не постои кулурен геноцид како што невистинито се тврди во анализираниот текст.

Организацијата која стои позади ова соопштение e MACEDONIAN HUMAN RIGHTS MOVEMENT INTERNATIONAL  со седиште во Торонто, Канада. Тие го употребуваат во својата кампања карактеристичниот наратив „Моето име е Македонија’’, кој беше препознатлив пред референдумот и потпишувањето на Преспанскиот договор.

Референдумот за името се реализираше во септември 2018, а му претходеше бојкот на опоцизијата, бројни дезинформации и манипулаци во кои доминираше идејата која ја заговараа противниците на Преспанскиот договор, дека се’ што е македонско ќе биде претворено во северно македонско. Оваа реторика почна со потпишувањето на договорот, кулминираше за време на референдумот, а еве сега во очи на избори, очигледно наративот повторно се активира за политички цели.

 

Пласираната теза во текстот е обид за креирање теорија на заговор на меѓународните медиуми против нашата земја со вклучени елементи на националистичка реторика. Нема заговор од страна на меѓународните медиуми против нашата земја, ниту пак тие шират омраза кон нас. Името Северна Македонија е дел од прифатените обврски на Договорот Преспа со кој пак,  Грција го признава македонскиот народ и македонскиот јазик.

 

Тимот на Ф2Н2 го оценува овој текст како манипулативен, политички пристрасен со елементи на теорија на заговор. Целта на текстот е манипулативно да се убеди јавноста дека целиот свет е против нашата земја, што секако не е вистина.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap