ОБИД ПО СЕКОЈА ЦЕНА ИМЕТО НА БИЛ ГЕЈТС ДА СЕ ПОВРЗЕ СО КОРОНАВИРУСОТ

Во најголемиот број на теории за заговор во врска со појавата на коронавирусот се поврзува името на Бил Гејтс. Иако веќе поголемиот дел од тие теории се паднати во вода, сепак, не стивнуваат објавите кои се обидуваат да го поврзат името на Бил Гејтс со вирусот Ковид-19.

Така на пример порталот Popara.mk објави вест со наслов: КАКО РУСИЈА ГЛЕДА НА МЕШАЊЕ НА БИЛ ГЕЈТС И ДЛАБОКАТА СОСТОЈБА СО ПАНДЕМИЈАТА. Ако ја отворите веста, може да се види, дека Бил Гејтс е споменуван само во насловот, додека во текстот се зборува за Џорџ Сорос.

Во текстот стои дека претседателот на Русија, Владимир Путин издал наредба за апсење на Џорџ Сорос. Како што веќе пишувавме, се работи за дезинформација која датира уште од 2015 година. Повеќе за тоа може да прочитате на овој линк.

 

Додека пак за Бил Гејтс, една од теориите е дека тој преку вакцините ќе постави микрочипови кај луѓето за да може да ги контролира. Се работи за дезинформација бидејќи Бил Гејтс досега никогаш ги нема споменато микрочиповите во контекст на коронавирусот. Повеќе за ова може да прочитате на следниот линк.

 

А за микрочиповите.., за нив, сеуште истражуваме :).

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap