ПАЦИЕНТИТЕ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 СЕ НАЈЗАРАЗНИ ОД МОМЕНТОТ КОГА ПРВ ПАТ ЌЕ ПОЧУВСТВУВААТ СИМПТОМИ

Tags: COVID-19PandemiaWHO
By јуни 10, 2020 Corona, Other

ЖЕНЕВА (Ројтерс) – Студиите покажуваат дека луѓето со коронавирус се најзаразни од моментот кога првпат почнуваат да се чувствуваат лошо, изјавија во вторникот 09.06.2020, експертите на Светската здравствена организација (СЗО).

 

Оваа карактеристика го отежна контролирањето во ширењето на вирусот, но може да се намали преку постојано тестирање и социјална дистанца, велат тие.

 

„Се чини, од многу ограничени информации што ги имаме сега, дека луѓето имаат повеќе вируси во своето тело во или околу времето кога развиваат симптоми, значи многу рано“, рече Марија ван Керхове, епидемиолог од СЗО на сесија во живо на социјалните медиуми.

 

Прелиминарните студии од Германија и САД сугерираат дека луѓето со лесни симптоми можат да бидат заразни до 8 или 9 дена, а „може да трае многу подолго за луѓето кои се потешко болни“, рече таа.

 

Претходно, некои експерти за заболувања со чудење ја примија нејзината изјава од понеделникот дека пренесувањето на КОВИД-19 од страна на лица без симптоми е „многу ретко“, велејќи дека ова упатство може да донесе многу проблеми за владите, кои се соочуваат со барања за  укинаување на рестриктивните мерки.

 

Извор: Reuters.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap