На 6 март Граѓанската асоцијација МОСТ организираше панел-дискусија на тема „Штетното влијание на дезинформациите“. Целта на настанот беше да се дискутираат различните аспекти на дезинформациите и нивното влијание на социјалните мрежи, како и недоволната свесност кај граѓаните за моќта на социјалните мрежи и штетното странско влијание.