ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ, АРГЕНТИНА ГИ СТОПИРА КОМЕРЦИЈАЛНИТЕ ЛЕТОВИ ДО СЕПТЕМВРИ

Tags: ArgentinaCOVID-19
By април 28, 2020 Corona, Other, Retrieved

БУЕНОС АИРЕС (Ројтерс) – Аргентина до септември ја забрани продажбата на билети за комерцијалните летови, како дел од мерките за спречување на коронавирусот.

Аргентинската влада донела уредба со која се забранува продажба и купување на билети за комерцијални летови до или од Аргентина.

Во Аргентина како дел од владините мерки, границите се затворени од 20 март. Минатиот викенд владата ги продолжи карантинските мерки до 10 мај, укажувајќи дека оваа мерка се покажала како успешна во забавување на ширењето на коронавирусот.  Аргентина досега има 3.892 потврдени случаи на коронавирус и  192 смртни случаи.

 

Извор: Reuters.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap