ПОРТАЛОТ ВО УНГАРСКА СОПСТВЕНОСТ „РЕПУБЛИКА“ ПИШУВА “ВЕСТИ“ ПО НАРАЧКА

Само неколку дена пред парламентарните избори, на 11 јули во 18:55 порталот „Република“ објави вест со наслов „СДСМ е во паника: Тргнато видеото на кое се слуша како Заев договара паѓање на судски случај“.

Во првичната верзија на текстот, од редакцијата на Република заборавиле да ги избришат насоките од нарачката за текстот чија јасна цел е нарушување на угледот на политичка партија.

После само неколку минути, грешката беше забележана и поправена од медиумот.

Ваквата вест, за бришењето на видеото, беше објавена од уште 4 портали: netpress.com.mk, kurir.mk, lider.com.mk, theworldnews.net. Повеќето од нив, исто така во Унгарска сопственост.

Вкупниот број на Facebook интеракции е 279, од нив – 87 се споделувања на веста.

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap