РУСИЈА ЈА ПРОДОЛЖИ ЗАБРАНАТА ЗА ВЛЕЗ НА СТРАНЦИТЕ

Рускиот премиер Михаил Мишустин на 29.04.2020 ја продолжи забраната за влез на странците  во  Русија, како резултат на  светската пандемијата   од „Ковид-19“.

 

Уредбата за забрана на странците да влезат во земјата, која беше воведена во средината на март, требаше да заврши на 30.04.2020. Но, таа е продолжена сè додека Русија не го контролира вирусот, според  премиерот Михаил Мишустин.

 

Рускиот претседател Путин во вторникот 28.04.2020 го продолжи државниот „неработен“ месец до 11 мај, предупредувајќи дека Русија допрва треба да го забележи пикот на коронавирус.

 

Русија објави 108 нови смртни случаи на „Ковид-19“ во изминатите 24 часа, со што вкупната бројка е на 972. Вкупната бројка на случаи пријавени од руските власти од почетокот на појавата коронавирусот во оваа земја, изнесува 99.399.

 

 

Извор: BBC

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap