РУСИЈА ЈА ЗАЈАКНУВА АГРЕСИЈАТА ВРЗ УКРАИНА, ИНТЕНЗИВИРАНО ГРАНАТИРАЊЕТО НА ЦИВИЛНИ ОБЈЕКТИ ОД СТРАНА НА РУСКИТЕ ХИБРИДНИ СИЛИ

Tags: AggressionLuganskRussiaUkraine
By февруари 17, 2022 FN ANALYSIS

Русија ја зајакнува агресијата на подрачјето на линијата која ја дели територијата на Украина на дел која е контролиран од страна на украинските власти и дел кој е привремено окупиран од страна на руските хибридни сили.

Утрото на 17.02.2022 руските хибридни сили гранатирале неколку локации во Украина.

Во областа Луганск, во местото Станиција (Stanytsia Luhanska), нападот траел 40-тина минути, при што е погодена детска градинка во која имало деца и персонал. Повредени се две лица од персоналот, а нема повредени деца.

Покрај тоа, штета е предизвикана и на железничката станица, како и на стационарот за локомотиви. Дополнително има оштетувања и на локалната општинска инфраструктура, а половина од областа нема струја.

Извор: Украински безбедносни сили (JFO)

По првичниот инцидент, Украинските безбедносни сили известуваат за ескалирање на состојбата во целиот реон на првата борбена линија.

Извор: Euromaidanpress.com

Во областа Луганск, во местото Врубивка (Vrubivka), граната паднала во училишен двор. За време на нападот во училиштето имало 30 ученици и 14 лица од училишниот персонал. Исто така, погодена е гасоводна цевка, а десетици станови и приватни објекти се оставени без доток на гас.

Во населените места Лобачево (Lobachevo) и Стари Ајдар (Staryi Aidar) оштетена е електричната инфраструктура.

Покрај овие четири населени места, како што може да се види од мапата, предмет на напад од страна на руските хибридни сили се и други места на територијата на Украина (вкупно 23 до 14 часот).

Во исто време, руските медиуми и нивните прокси агенти на влијание шират дезинформации со цел да ги прикажат безбедносните сили на Украина како одговорни за нападите.

Руските дезинформации за тоа дека “украинските сили ги извршиле нападите“ произлегуваат од објавите на т.н. “самопрогласени републики на Донбас и Луганск“, кои всушност се руски окупаторски сили или руски хибридни сили. Нивните изјави, понатаму беа амплифицирани од страна на медиумите контролирани од Кремљ. Во неколку наврати, украинските институции и медиуми упатуваа апели укажувајќи дека истите не може да се сметаат за кредибилен извор на информации.

Оваа очигледно координирана операција има за цел да ја дискредитира Украина пред состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации, инициран од страна на Киев, на којшто ќе се разгледува барењето од руската Дума до рускиот претседател Путин за признавање на “самопрогласените републики” во Донбас и Луганск. Дополнително, ваквата операција може да се смета и како дел од стратегијата на Русија за создавање на алиби за продолжување на агресијата врз Украина.

 

Автор: Росана Алексоска

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap