САД НЕ ГИ ОСТАВА БОЛНИТЕ ОД КОРОНАВИРУС ДА УМИРААТ ДОМА, ЗА СЀ ИМА ПРОТОКОЛ

Tags: COVID-19RTRussiaUSA
By мај 21, 2020 мај 7th, 2021 Corona, DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#124

Дата:

15.05.2020

Извор:

standard.mk

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: Главната уредничка на „РТ“: Која е разликата во пристапите кон коронавирусот на САД и Русија?

 

Порталот Стандард пренесе интервју на главната уредничка на владиниот руски телевизиски сервис Russia Today во кое таа ги споредува здравствените системи на САД и Русија, односно ја величи подготвеноста на Русија за одговор на пандемијата со коронавирус.

Уредничката дава неколку примери за тоа како американскиот систем потфрлува во справувањето со ситуацијата. Понатаму во интервјуто, таа додава дека наводно на болните во САД не им се препорачува да одат на лекар, и истите да останат дома додека не започнат да умираат. Освен тоа, таа истакнува и дека “60% од смртните случаи во САД од коронавирусот се со темна боја на кожата, затоа што тие припаѓаат на најсиромашниот слој на населението.”

Линкот до оригиналната статија можете да го најдете тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оваа вест е класичен пример на спин со повеќе лажни елементи кој што доаѓа од главен уредник на руска владина телевизија, која секако ја величи својата држава или својот финансиер.

Не е вистина дека во САД  луѓето се оставаат да умираат дома ако се заразени.  Секоја држава има различни протоколи за третирање на своите граѓани, па така и САД. Центарот за контрола на болести и превенција на САД дава јасни постапки за тие кои што мислат дека имаат симптоми. Во препораките се наведува граѓаните да не се одат во болница без консултација со лекар на телефон, и да повикаат медицинските екипи дома.

 

Слични протоколи има и РусијаОние лица кои што се позитивни на коронавирус а се со полесни симптоми, се советуваат да седат дома, а докторите преку видео врска ги советуваат како да постапат ако им се влоши ситуацијата и слично. Ова значи дека, иако Русија има слични протоколи за постапување со болните од КОВИД19 како и САД, целта е да се претстават САД како неодговорни кои не им дозволуваат на своите граѓани да одат на лекар и ги оставаат седат дома, сè додека не почнат да умираат.

Процентот на смртност не се мери според бојата на кожата! Eдна од техниките на Руската дезинформативна пропаганда е да предизвика расна и етничка нетрпеливост!  Не е јасно како уредничката дошла до тој податок дека 60% од починатите лица од коронавирусот “се со темна боја на кожата”, без притоа да приложи некаков официјален доказ со што ќе ја потврди таа теза.

Сите држави имаат потешкотии во справувањето со коронавирусот, но вистината е дека САД води голема грижа за здравјето на своите граѓани.

 

За илустрација, слични протоколи има и Северна Македонија.

Оваа вест има за цел величење на здравствениот систем во Русија, која се соочува со големи проблеми во справување со ситуацијата предизвикана од коронавирусот. Тимот на Ф2Н2 и претходно пишуваше за вештачкиот “суперлатив” за Русија, односно за наводно пронаоѓање на вакцина, за руско откритие за лекување на вирусот,  и за неколку наводни комбинации на лекови за борба со коронавирусот, кои што нѐ се со руско потекло а се продаваат како такви.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap