ШПЕКУЛАЦИЈА ОД ОФИЦИЈАЛНА РУСИЈА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ МЕЃУЕТНИЧКА НЕТРПЕЛИВОСТ

Tags: fake newsGreater AlbaniaMaria ZakharovaRussia
By декември 22, 2020 мај 5th, 2021 DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#208

Дата:

10.12.2020

Извор:

mkd.mk

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: Захарова предупредува дека во Тирана, Скопје и Приштина се спроведуваат активности од „големоалбански“ карактер

 

На 10-ти декември 2020, во македонскиот медиумски простор беа објавени написи дека Русија предупредува за формирање на Голема Албанија на Балканот, односно според Захарова, Тирана, Скопје и Приштина имаат крајна цел да ја промовираат идејата за Голема Албанија.

Веста најпрво ја објави порталот МКД.МК со насловЗахарова предупредува дека во Тирана, Скопје и Приштина се спроведуваат активности од „големоалбански“ карактер.

Потоа следуваа и објавите на  порталите expres.mkemagazin.mk , infomax.mk.

Овие содржини беа преземени од изјавата на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русиja, Мариja Захарова, која беше објавена на официјалниот  твитер профил на руското МНР: Забележителна e зголемената активност во Тирана, Скопје и Приштина со изразен ‘големоалбански’ карактер. Станува збор за обид за постепено формирање на ‘заеднички албански простор’ надвор од правната реалност”.

Оваа реакција на Русија доаѓа по потпишување на меморандум за воспоставување конференција за сите општини населени со Албанци. Меморандумот се однесува на унапредување на соработката на локалните самоуправи, но наводно во реалноста тоа било обид да се создаде паналбански простор, игнорирајќи го територијалниот суверенитет и границите на меѓународно признатите држави.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Станува збор за официјална изјава на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, која изнесува  став за  меморандумот потпишан во Тирана на 27-ми ноември 2020 година.

Имено се работи за првиот потпишан Национален конгрес на локалните власти Косово – Албанија. Првиот вицепремиер на Република Косово, Бесник Тахири, на средбата со министерот за внатрешни работи на Албанија, Сандер Лешај, во Тирана, со потпис го официјализирал започнувањето на првиот заеднички Конгрес на ниво на градоначалници. Оваа платформа ќе ги идентификува заедничките области и ќе ја интензивира комуникацијата помеѓу општините во Република Косово и општините во Република Албанија. Вицепремиерот Тахири ја истакнал важноста на оваа иницијатива, која, според него, треба да послужи како модел на регионална соработка, а особено како платформа за редовна и формална комуникација меѓу градовите на двете држави. „Покрај институционалниот аспект, овој тип на соработка има за цел да се прошири и на туристичко, социјално и економско ниво, создавајќи можности за соработка на попрактично ниво, но и на други земји во регионот во рамките на заедничката цел, европската интеграција“ , рече Тахири.

Како што може да се види, на средбата на која е потпишан меморандумот нема официјални претставници на С. Македонија, ниту пак меморандумот е потпишан од македонска страна.

И покрај тоа што се работи за иницијатива за развој на регионална соработка на туристичко, социјално и економско ниво, со вметнување на терминот  “големоалбански” Захарова неосновано шпекулира и манипулира со јавноста. Ова не е прв случај Русија во своите соопштенија да го употребува терминот „Голема Албанија” , со цел да предизвика меѓуетнички тензии на Балканот.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap