СИЛЕН НАПЛИВ НА ДЕЗИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО КОВИД-19 СЕ ШИРЕЛ ВО ПЕРИОДОТ ОД МАЈ ДО НОЕМВРИ

Во периодот мај-ноември 2020, мисинформациите и дезинформациите поврзани со КОВИД-19 го насочиле фокусот кон вакцините, покажува најновиот специјален извештај на Европскиот сервис за надворешни активности (ЕЕАС). Нивото на ширење дезинформации преку интернет, останува загрижувачко.

Различни дезинформации и погрешни наративи за КОВИД-19 кружеле во медиумското опкружување на Западен Балкан од средината на март. Локалните независни проверувачи на факти потврдиле мноштво случаи на дезинформации, вклучително и во врска со вакцините , како и здравствените совети. Тврдењата дека КОВИД-19 е измама и дека маските се штетни исто така многу се споделувале на Фејсбук, базирани на извртени статистички податоци.

Истражувањата откриваат дека здравствената криза ќе продолжи да овозможува простор за ширење мисинформации и дезинформации на глобално ниво, особено во врска со  рестриктивните мерки, како и развојот и дистрибуцијата на вакцините.

 

Во своите комуникациски активности, државите како Кина и Русија го максимизираат ефектот на т.н. „вакцинациска дипломатија“, со цел да го подобрат нивниот углед и економската позиција во странство. За ширење на своите пораки тие ги користат дипломатските канали, медиумите контролирани од државата, социјалните и другите мрежи на медиуми кои ги поддржуваат.

Во ЕУ и нејзиното соседство, проруските медиуми продолжуваат да ја негираат заканата од вирусот и се обидуваат да ги поткопаат стратегиите на владите за спречување на вториот бран инфекции. Во таа насока особено се истакнуваат дигиталните платформи кои остануваат поле за ширење дезинформации.

Работата на проверувачите на факти и професионалните и независни медиуми започната заедно со пандемијата од КОВИД-19 останува неопходна за откривање и разоткривање на лажни, погрешни и потенцијално штетни информации. Колку повеќе има проверување на фактите, толку повеќе дезинформациите со КОВИД-19 се намалуваат. Оваа активност е многу важна за ублажувањето на потенцијалните штетни последици.

Глобалниот индекс за дезинформации (ГДИ) утврдил дека околу 200 веб-страници на англиски јазик објавуваат големи количини на поларизирачка содржина која креира поделби. Во тие податоци, откриено е дека  рекламираните содржини генерирале 350.000 американски долари месечен приход за овие веб-страници.

 

Извор: euvsdisinfo.eu

 

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap