СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ Е ДОКАЗ ДЕКА СВЕТОТ НЕ Е УПРАВУВАН ОД “ЕЛИТА КОЈА САКА СИТЕ СЛЕПО ДА ЈА СЛУШААТ”

Дезинформација бр:

#149

Дата:

11.06.2020

Извор:

freeglobe.mk

Време на читање:

5 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: НОВАК ЃОКОВИЌ : СВЕТОТ ГО УПРАВУВА ЕЛИТА КОЈА САКА СИТЕ СЛЕПО ДА ЈА СЛУШААТ!

 

Порталот Слободен Свет објави текст со наслов НОВАК ЃОКОВИЌ : СВЕТОТ ГО УПРАВУВА ЕЛИТА КОЈА САКА СИТЕ СЛЕПО ДА ЈА СЛУШААТ!. Содржината на текстот е изведена од интервјуто на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во подкаст на платформата Sportklub, во кое најдобриот тенисер на светот го искажал своето мислење за некои социјални теми. Авторот во текстот истакнува како Новак Ѓоковиќ, претежно за српските медиуми, дава различни изјави што честопати немаат никаква врска со самиот спорт. Зборува за вакцината против коронавирус и сè почесто може да се чуе јавно презентирање на други теории на заговор, односно неговите мислења за теми од таа област. За понатму да продолжи со дел од интервјуто во кое тој одговара за неговата улога како инфлуенсер, односно како тој ги користи своите платформи на друштвените мрежи за теми што се надвор од спортот.

Линк до оригиналниот текст може да најдете тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Tекстот кој го објавил порталот Слободен Свет e класичен спин. Во целото интервју Ѓоковиќ никаде не спомнува дека “Светот го управува елита која сака сите слепо да ја слушаат”.

Имено зборува за ставовите кои ги споделува на социјалните мрежи, а кои предизвикуваат бројни рекации, за одговорноста која ја има како најдобар во спортот со кој се занимава, начинот на исхрана, рутини пред натпреварите и за коментаторите кои радо ги слуша.

Според неговите одговори за него најбитни теми покрај спортот се здравјето (исхраната, физичкото и менталното здравје) и едукацијата. Имајќи предвид колку неговите ставови од социјалните мрежи,  далеку и брзо се шират на сите медиуми и знаејќи дека има и позитивни и негативни коментари и реакции истакнува дека сите тие критики и осудувања допираат до него посебно оние според кои наводно ја користи платформата за ширење на псевдонаука, негативни информации кои може понатаму да влијаат врз здравјето на луѓето.

Платформите ги користи за искажување на свои мислења, ставови и споделување на свои искуства и примери што на некого можеби би му помогнале. Не напаѓа никој, не осудува, туку во тие разговори целта му е да биде во улога на домаќин и тој да поставува прашања на лица кои се стручни во областа за која што е темата. Свесен е дека нема да ги задоволи сите интереси, а и не му е тоа целта, туку да пренесе искуство, како нешто влијаело на него, на неговото опкружување, на неговите настапи и успеси. Како тоа ќе го примат лугето, тој не може да влијае. Но нагласува дека секогаш тргнува од свое лично искуство.

Делот од интервјуто од кој е изведен насловот наводно како заклучок од одговорот на Ѓоковиќ е следниот (почнувајќи од 25:45):

Имено според новинарот кој го води интервјуто, Ѓоковиќ како врвен спортист има одговорност секој збор да го измери, премери па да го каже и пак нема да биде доволно бидејќи има армија луѓе или ботови кои се буквално платени да го напаѓаат, било тоа да е на социјалните мрежи било меѓу новинарите кои имаат такви амбиции и наредби да се занимаваат со тоа.

Ѓоковиќ на тоа одговара дека треба да се има одговорност и е свесен колку тоа одекнува и се шири далеку, и колкаво е влијанието што го има секоја информација. Тој вели дека не е безгрешен, “но човек сум , немам проблем да кажам дека сум погрешилНо таква личност сум, не можам да бидам робот и да бидам цел живот затворен во обвивка, меур”. Сепак не ги критикува тие што сакаат да бидат на страна и да не се занимават со друштвени теми, но тој сака да го сподели своето искуство, а како тоа ќе биде прифатено од јавноста, на тоа не може да влијае.

Некои групи луѓе, елита, владетели, наречете ги како сакате, сакаат одредени работи да бидат на одреден начин и никој да не каже ништо и само да се слушаат заповедите на оние кој што се на врвот. Едноставно јас не чувствувам дека тоа е исправно и демократски. Ако верувам дека нешто е правилно и во согласност со Божјите заповеди, со животните принципи и вистинските вредности, тогаш апсолутно го поддржувам. Ја поддржувам борбата за правата на луѓето на еднаквост, почит, фер игра, коректност во животот, почитување … Ова се вредностите за кои се залагам и со кои се согласувам – рече Ѓоковиќ.

 

Многу очигледно е и од напишаното и од интервјуто, дека Ѓоковиќ никаде не спомнува како светот наводно го управува елита која сака сите слепо да ја слушаат. Неговата изјава е во контекст дека како личност сака да го искаже своето мислење наспроти друга група на луѓе ( како и да се нарекуваат, елита, владетели ) кои сакаат да се слушаат заповедите на оние кои се на врвот и никој да не каже ништо.

Со ова само се потврдува спротивното од она што се тврди во насловот. И самиот Ѓоковиќ истакнува дека секогаш го искажува своето мислење, без разлика дали му се допаѓа тоа на некој или не. И секако не е спречен во тоа.

Секој има право на свое мислење и свои ставови. Слободата на говорот е неприкосновено право на секој човек. Но проблемот се јавува кога се прават обиди да се извадат работите од контекст и да бидат злоупотребени за манипулирање на јавноста. Во случајот се користи светски познат тенисер како личност со значително влијание да се манипулира јавноста во насока на наметнување на недоверба во демократијата и институциите на системот.

Овој текст е оценет како спин, а целта е да се претстави народот како “слепи послушници на елита што владее”, што е спротивно на основните вредности на демократијата во која живееме.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap