СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ НАСТОЈУВААТ ДА СОБЕРАТ 8 МИЛИЈАДИ ЗА РАЗВОЈ НА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ

Светските лидери ќе се обидат да соберат над 8 милијарди американски долари (£6,5 милијарди фунти) за развој на вакцина против коронавирус, како и финансирање на истражувања за дијагностицирање и лекување на болеста.

 

Околу 40 земји и донатори учествуваа на онлајн самитот чиј домаќин е  ЕУ. Претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула Фон Дер Лајен изјави дека парите ќе помогнат во започнување на глобална соработка без преседан. Според неа, овој самит ја покажува вистинската вредност на единството и хуманоста, но нагласи дека ќе бидат потребни многу повеќе активности во наредните денови.

 

Повеќе од 30 земји, заедно со ООН и филантропските тела, како и истражувачките институти, направија донации на настанот чиј домаќин беше Европската комисија од нејзинито  седиште во Брисел.  Меѓу донаторите е и поп пејачката Мадона, која ветила 1 милион евра (1,1 милиони американски долари), според изјавата  на Фон Дер Лајен.

 

Европската комисија вети 1 милијарда американски долари, финансиски средства со кои ќе се финансира истражување за вакцина. Норвешка  го прифати предлогот на Европската комисија, а Франција вети 500 милиони евра, исто како Саудиска Арабија и Германија. Јапонија вети повеќе од 800 милиони американски долари.

 

Иницијативата веќе ја потпишаа италијанскиот премиер Конте, германската канцеларка Меркел, како и францускиот претседател Макрон.

 

Извор: BBC.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap